ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ предложи кандидати за градоначалници кои се синоним за неспособност и слаб рејтинг

June 21, 2025
1 min read

ВМРО-ДПМНЕ реагира по повод предложените градоначалници од страна на СДСМ. СДСМ вчера предложи 19 кандидати за градоначалници, но меѓу нив нема име за Град Скопје, како и за Струмица, каде што е актуелниот Костадин Костадинов.

„СДС уште еднаш ја покажа својата политичка немоќ и потценувањето на граѓаните, со тоа што предложи кандидати за градоначалници кои се синоним за неспособност, слаб рејтинг и партиска послушност кон Зоран Заев.

Овие кандидати се директно избрани од Заев, а изгласани од Филипче и новото раководство на СДС кое беше трет и четврт ешалон во времето на Заев, односно деца и послушници на Заев. Оваа стратегија за изборите е правена од Заев и Филипче пред само некој месец кога говоревме дека овие двајца се во Дубаи, тогаш тие ковале план за Кочани да им биде таргет.

Очигледно е дека овие кандидати се ставени колку да не е без ич, со оглед на тоа дека и оние кои беа досега градоначалници од СДС, не направија ништо за своите општини, освен празнење на општинските каси, нула проекти и развојот одеше во надолна линија. Нивните општини стагнираа, а граѓаните беа оставени сами со своите проблеми.

Кандидатите и кадрите на СДС се добро познати по јавноста. Тепачи на жени, манипулатори, луѓе кои им велат на своите граѓани дека нема потреба да ги гласаат, луѓе кои се полни со скандали и криминал, едноставно луѓе без грам достоинство и срам.

Некогаш големата СДС, сега е пред распад. ВМРО-ДПМНЕ ќе биде апсолутен победник на локалните избори.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најдолгиот ден: Летото пристигна со сонце и умерени жештини

Следно

Путин: Москва ја поддржува мирољубивата нуклеарна програма на Иран, се противи на нејзино вепонизирање

Latest from Blog

Делови од три скопски општини денеска без струја, прекини до четири часа

Делови од општините Гази Баба, Бутел и Кисела Вода денеска привремено ќе останат без електрична енергија поради планирани технички интервенции на мрежата. Според најавениот распоред, прекините ќе траат од три до четири

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните
Go toTop