Израелската армија уби уште најмалку 71 Палестинец во Појасот Газа кои чекале хуманитарна помош

June 19, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелската армија денес уби уште најмалку 71 Палестинец во Појасот Газа, меѓу кои и неколку лица што чекале храна и хуманитарна помош, соопштија медицински извори, јавува Анадолу.

Според медицински извор, 16 лица биле убиени, а десетици се повредени од израелската артилерија додека чекале помош во близина на пункт за доделување помош во коридорот Нецарим, во централна Газа.

Изворот рече дека уште 14 лица се убиени кога во израелски напад била погодена куќа во близина на џамијата Ал-Омари во Џабалија во северниот дел на Газа.

Во бегалскиот камп Шати во напад со беспилотно летало врз место за полнење мобилни телефони се убиени 15 лица, меѓу кои и жени и деца.

Во квартот Тел ал-Хава во западниот дел на Газа убиени се пет лица, а 25 се повредени.

Еден Палестинец е убиен, а неколкумина се повредени при израелски напад во северозападниот кварт Ал-Мухабарат во Газа.

Друг цивил е убиен при напад на уште еден пункт за полнење мобилни телефони во западниот дел на Газа, соопшти медицински извор.

Петмина Палестинци, исто така, се убиени со беспилотно летало врз група луѓе во ист град.

Во централниот дел на Газа, израелски хеликоптер нападнал станбена зграда, при што се убиени три лица, а неколкумина се повредени.

Во квартот Ал-Зејтун, во јужниот дел на Газа, извлечени се тела на уште петмина Палестинци од урнатините по израелски воздушен напад.

Во јужниот дел на Појасот Газа најмалку шест лица се убиени, а 20 се повредени кога израелски сили нападнаа толпа што чекала хуманитарна помош кај центар за доделување помош меѓу Кан Јунис и Рафа, соопштија медицински извори.

Според Канцеларијата за медиуми на Владата на Газа, од 27 мај досега израелската армија убила најмалку 300 цивили и ранила 2.649 лица во близина на пунктови за хуманитарна помош.

Отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, израелската армија спроведува брутална офанзива во Газа од октомври 2023 година, во која се убиени речиси 55.700 Палестинци, повеќето жени и деца.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид во Меѓународниот суд на правдата за својата војна против енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Политичка одмазда или прекршок?! Директорот на „Комуналец“ Кичево реагира за кривичната пријава

Следно

Земјоделците стравуваат од суша, експерти: Вода имаме не ја користиме правилно

Latest from Blog

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните
Go toTop