Путин му се заблагодари на Ердоган за преговорите во Истанбул, ја нагласи улогата на Турција во посредувањето

June 19, 2025
2 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена за решение за војната во Украина според Истанбулските принципи, и упати совети до Киев да не ги одложува преговорите, јавува Анадолу.

Путин одржа состанок со челниците на меѓународните новински агенции во Санкт Петербург, на кој се осврна на актуелните случувања во светот и одговараше на нивните прашања.

Во однос на војната во Украина, Путин ја повтори подготвеноста за средба со Зеленски за преговори и посочи дека „прашањето е кој ќе ги потпише документите“.

Упати благодарност до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за преговорите во Истанбул и ја истакна улогата на Турција за посредувањето во преговорите.

  • Израелско-иранскиот конфликт 

Путин се осврна и на тековниот израелско-ирански конфликт велејќи дека Иран не бара воена поддршка од Москва и покрај ескалацијата на тензиите со Израел, минимизирајќи ја можноста за воен сојуз меѓу двете земји.

„Иран не бара никаква воена помош од нас“, рече Путин. „Дури и кога во минатото понудивме заеднички да развиваме системи за противвоздушна одбрана, имаше слаб интерес од иранска страна“, додаде тој.

Путин порача дека изнаоѓањето начини за прекин на тековните непријателства меѓу Иран и Израел е „правилно за сите“.

„Би било исправно сите да бараат начини за запирање на непријателствата и да изнајдат начини сите страни во овој конфликт да постигнат меѓусебен договор, со цел да се осигураат и интересите на Иран, од една страна, во неговата нуклеарна активност… и да се осигураат интересите на Израел, од гледна точка на безусловната безбедност на еврејската држава“, рече тој.

Путин истакна дека постојат опции за осигурување на интересите на Иран и отстранување на загриженоста на израелската страна, како и дека тие им биле презентирани на партнерите.

Во врска со заканите од израелска страна кон врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, дека може да заврши како соборениот ирачки лидер Садам Хусеин рече дека дури и не сака да разговара за можноста Израел да го елиминира врховниот лидер, ајатолахот Хамнеи.

Путин посочи и дека Русија и Иран потпишале договор за изградба на уште два блока во нуклеарната централа Бушер.

„Нашите експерти работат во Бушер – 250 луѓе, на задача. Вкупниот број може да достигне 600. И ние не си одиме. Не е ли ова поддршка?“, рече Путин и додаде: „Се договоривме со израелското раководство дека нивната безбедност ќе биде осигурана.“

  • Путин ги отфрли напорите за ревооружување на НАТО нарекувајќи ги „бесмислени“

Рускиот претседател го отфрли военото зајакнување на НАТО нарекувајќи го неоправдано и ирелевантно, посочувајќи дека притисокот на Алијансата за зголемување на издвојувањата за одбрана не претставува закана за Москва.

„Ние не сметаме дека ревооружувањето на НАТО е закана за безбедноста на Руската Федерација“, рече Путин рано утрово на состанокот со челниците на меѓународните новински агенции во Санкт Петербург.

„Какво било ревооружување на земјите од НАТО нема смисла“, додаде тој, конкретно критикувајќи ги предлозите за зголемување на буџетите за одбрана на 5% од БДП.

Путин, исто така, гo осуди западниот наратив за руската „агресија“ како неоснован.

„Легендата дека Русија ќе го нападне НАТО е бесмислена“, рече тој.

Осврнувајќи се на глобалните воени издвојувања на Алијансата, Путин истакна дека „земјите на НАТО трошат 1,4 билиони долари за одбрана, повеќе од сите земји во светот заедно“.

Тој ги обвини западните сили и за двојни стандарди, велејќи: „Вие пишувате правила за другите, но вие самите нема да ги следите. Кој ќе живее според таквите правила?“

Неговите изјави дојдоа во време на зголемени тензии меѓу Русија и НАТО околу Украина, одбранбената поставеност во Источна Европа и неодамнешните предлози во рамките на Алијансата за зајакнување на долгорочните обврски во одбраната.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЦУК: Поројните дождови без сериозни штети, поплавени неколку објекти во Арачиново

Следно

АБА лигата ќе се прошири

Latest from Blog

Храната во Албанија е поскапа од земјите во ЕУ

Најновите податоци од Евростат, кој го мери индексот на цени, според куповната моќ, за Европската Унија и земјите-кандидатки, потврдува дека цените на храната во Албанија се повисоки од оние во земјите на

Нови напади меѓу Израел и Иран

Блискиот исток е далеку од диплматско решение и дескалација. Војната меѓу старите непријатели не покажува знаци на стивнување, а опасноста од нови катастрофални последици станува сè поизвесна. Според неофицијални информации до кои

Пет македонски екипи пријавија учество во Европските одбојкарски купови за следната сезона

Македонската клупска одбојка како никогаш досега ќе биде застапена на европска сцена следната сезона, откако дури пет клуба аплицираа за настап во ЦЕВ Европските клупски купови. Двата најдобри колективи во машка конкуренција,

Тензиите меѓу Иран и Израел ја загрозуваат енергетската инфраструктура на Израел

АНКАРА (АА) – Енергетската инфраструктура на Израел е ранлива, но во моментов е делумно заштитена од силната противвоздушна одбрана и ограничената прецизност и ефект на досегашните напади, особено оние од Иран, вели
Go toTop