Гувернерот Славевски се пожали дека многу го мразеле

June 16, 2025
2 mins read

Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на социјалната мрежа Х се пожали дека трпи говор на омраза и критики од корисниците на оваа социјална мрежа во неговите објави. Гувернерот е познат по своите широки и опсежни статуси но и навреди кон корисници кога не се согласува со нив.

Интегрално ви го пренесуваме неговиот пост:

КАПАЦИТЕТ ЗА АПСОРБИРАЊЕ ОМРАЗА Се рекло дека доколку сте активно вклучени во јавниот живот, а уште повеќе, се бавите и со политика (за таа да не се бави со вас), не можете да очекувате сите да ве сакаат. Многумина од најразлични причини ќе ве мразат. Доколку претендирате сите да ве сакаат, треба да продавате квалитетен сладолед по многу ниска цена. И доколку сакате да спроведете некоја реформа, да разбиете некоја вкоренета заблуда и сл., ќе мора да се соочите со гневот на тие во чии интереси и привилегии ќе чепнете. Доволна причина за омраза спрема вас. Со мојот претходен пост од саботата (14 јуни) наутро укажав на ова. Само личности со доволна храброст, личен интегритет и висок КАПАЦИТЕТ ЗА АПСОРБИРАЊЕ ОМРАЗА можат да спроведат вистински реформи кои на среден и долг рок ќе го подобрат животот на граѓаните. За само триесетина часа по објавата, постот надмина 30.000 (триесет илјади прегледи). Од околу пеесетина коментари, триесетина беа со навредлива и вулгарна содржина. Ги разбирам анонимните коментатори, мора да си имаат некаква мака! Очекував многу повеќе негативни коментари. Сигурно ги има, се разлеале низ социјалните мрежи. Но, само триесетина навредливи коментари, полни со омраза?! Ве уверувам дека мојот КАПАЦИТЕТ ЗА АПСОРБИРАЊЕ ОМРАЗА е најмалку стотина пати повисок од тоа. Тоа сум го покажал во многу наврати сум во минатото: – во првата половина од 90-тите години од минатиот век, на почетоците од болната транзиција, низ бројни настапи по медиумите, електронски и печатени, а и низ научни анализи и трудови, ги разобличив претходниците на СДСМ и нивните олигарси за грабежот што го извршија врз општествениот капитал од поранешниот систем. Силно ме мразеа и упатуваа најразлични закани, по живот и по мојата материјална егзистенција. – Веднаш по преземањето на раководењето со Министерство за финансии во владата формирана по парламентарните избори во 2006 година им отидов на банкарите за да им пренесам дека гарантираните чекови циркулираат незаконски и дека таа практика ќе престане. За само неколку месеци со молскавична брзина се рашири користењето на платежните картички и се осовремени безготовинскиот платен промет. Сигурно ме мразеле, но брзо се приспособија на барањата на новото време. Трговците и други даватели на услуги ми оддаваат признание за храброста во спроведувањето на оваа реформа, свесни за придобивките кои за жал не можеле да ги претпостават на самиот почеток. Банкарите во догледно време може да очекуваат и други изненадувања, во интерес на корисниците на нивните услуги. – Како Министер за финансии , за само неколку месеци, заедно со мојот тим, ги спроведов неопходните подготовки за воведување на рамниот данок со намалени стапки за оданочување на доходите. Противниците силно ме мразеа; – уште повеќе ме мразеа кога видоа колку се импотентни и безидејни кога се обидоа да го укинат рамниот данок во 2019 година. Се уште не можат да се помират со една успешна реформа која ја прифатија не само граѓаните, туку и деловната заедница. – Сигурно некои ме мразеа и во 2007 година кога јавниот долг се намали на само 23-26% од БДП, што ни создаде простор за многу побезболно да се справиме со финансиската криза наредната 2008 година, која премина во длабока и долготрајна рецесија. – По шестмесечни интензивни подготовки во втората половина од 2008 година под мое раководство, на почетокот од 2009 година ја спроведовме монументалната реформа за интегрирана наплата на придонесите од социјално осигурување, позната како бруто плата. Претходниот месец пред реформата околу 14% од вработените не беа земале плата за претходниот месец. Веднаш овој процент се спушти на само 1%. Плата мораше да се исплати до 15-ти во месецот, заедно со сите платени придонеси. Имам и други примери што можам да ги споделам за ризикот од спроведување непопуларни потези, кои за не така долго се покажале за исправни и најголемите противници ја прифатиле реалноста. Но ќе застанам тука. Ве уверувам дека ниту од новата позиција нема да застанам со мерки и реформи во служба на јавниот интерес, за стабилност како основа за растечка економија, во интерес на подобрување на живеачката на нашите граѓани. Можеби кај некои ќе предизвикам омраза, но искуството ме научило дека без висок КАПАЦИТЕТ ЗА АПСОРБИРАЊЕ ОМРАЗА не може да се спроведе ниту една посуштинска реформа.“

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Банкомати со високи провизии за подигнување пари има низ целиот хрватски брег

Следно

Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување на горивата

Latest from Blog

Шестата Халк Вело Грин трка во организација на Халкбанк собра голем број учесници и посетители

На 8 Септември, во Маврово, се одржа шестата по ред хронометар велосипедска трка Халк Вело Грин, во организација на Халкбанк АД Скопје. Настанот, кој со години се вбројува меѓу традиционалните спортски активности

Вучиќ: Навредив европратеници затоа што реков дека се олош, но згрешив – мислам многу полошо за нив

Дел од претставниците на пет српски опозициски партии, кои денеска разговараа со членовите на Европскиот парламент во Стразбур за актуелната политичка состојба во Србија, побараа воведување санкции против претседателот Александар Вучиќ и

Од Тотенхем порачаа: Клубот не е на продажба!

Главниот извршен директор на Тотенхем, Винаи Венкатешам, ја нагласи страста, амбицијата и „непоколебливата поддршка“ од семејството Луис додека клубот влегува во ерата по Даниел Леви. Соопштението на одборот на клубот е категорично

Оклахома: Осуммина повредени во несреќа со училишен автобус

Најмалку осум лица, од кои пет ученици, се повредени во несреќа во која учествувал училишен автобус кој превезувал софтбол тим во американската држава Оклахома, соопшти денес полицијата. Несреќата се случила на автопатот,

Земјотрес прекина прес-конференција во Атина

Прес-конференцијата на грчкиот селектор Иван Јовановиќ беше сосема необична. Грците претрпеа тежок пораз од Данска во Атина (3:0), а за време на говорот на српскиот стручњак беше почувствуван земјотрес, чиј епицентар беше
Go toTop