Пожар на автопатот Скопје-Тетово – повреден 32-годишниот возач!

June 13, 2025
1 min read

Попладнево на автопатот Скопје-Тетово, во близина на селото Групчин, избувнал пожар во товарно моторно возило „Рено“ со гостиварски регистарски таблички.

Според информациите, камионот се запалил при движење, при што возачот бил повреден и пренесен во болница.

Според портпаролот на СВР Тетово, Томислав Наумовски, во 20:00 часот било пријавено дека во близина на Добарски мост било опожарено товарното возило управувано од Б.М. (32). Повредениот возач бил веднаш транспортиран со возило на Брза помош во Клиничката болница Тетово.

Благодарение на брзата реакција на Територијалната противпожарна единица Тетово, пожарот бил изгаснат. На терен интервенирале пет пожарникари со две возила – едно специјализирано теренско возило и еден камион.

Командирот на тетовската противпожарна служба, Авни Амети, изјави дека интервенцијата започнала веднаш по пријавата во 19:55 часот. Полицијата од Тетово веќе започнала увид на местото за да утврди како дошло до пожарот.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел вели дека е „под оган“ додека Иран возвраќа

Следно

Расел Вестбрук е слободен играч

Latest from Blog

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено
Go toTop