Министерот Фидан разговараше за израелскиот напад врз Иран со министерот за одбрана Ѓулер и директорот на МИТ, Калин

June 13, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, се состана со министерот за национална одбрана Јашар Ѓулер, началникот на Генералштабот, генерал Метин Ѓурак и директорот на Националната агенција за разузнавање (МИТ) на Турција, Ибрахим Калин за да ги проценат воздушните напади на Израел врз Иран и да разговараат за можните последици, известува Анадолу.

Според информациите добиени од извори во Министерството за надворешни работи, Фидан, Ѓулер, Ѓурак и Калин се состанале во Министерството за надворешни работи во Анкара.

Изворите објавија дека состанокот започнал во 14:30 часот по локално време и дека на состанокот станало збор за процесот што започна со воздушните напади на Израел врз Иран и можните последици.

– Напади на Израел врз голем број градови во Иран

Израел започна напади врз Техеран, главниот град на Иран, Тебриз, нуклеарниот објект Натанз во Исфахан и градовите Лорестан, Керманшах, Шираз, Хузестан, Хамадан и Ком во раните утрински часови.

По нападите беа објавени информации дека немало истекување во нападнатиот нуклеарен објект во Натанз.

Во нападите се убиени и високи воени функционери и нуклеарни научници, вклучително и началникот на Генералштабот на Иран, генерал-мајор Мохамад Бакери и генералниот командант на Корпусот на Револуционерната гарда, генерал-мајор Хусеин Селами, командантот на Централниот штаб „Хатемул Анбија“, Голамали Рашид, командантот на Воздухопловните и вселенските сили на Револуционерната гарда, бригадниот генерал Амир Али Хаџизаде и високи воени функционери, вклучително и шестмина нуклеарни научници.

Во нападите на Израел врз Техеран беа погодени и цивилни населби, при што животот го загубија најмалку 78 лица, вклучително жени и деца, а 329 се повредени.

Изјавувајќи дека извршиле напад врз Иран, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакна дека нападите ќе продолжат „сè додека не се отстрани опасноста“.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац објави дека прогласиле вонредна состојба во земјата.

Израелската армија соопшти дека во нападите учествувале повеќе од 200 воени авиони, а биле користени и беспилотни летала.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Отворен е реконструираниот пат Охрид-Св. Наум – 24,3 километри, инвестиција од 11,7 милиони евра

Следно

Пендаровски на ГлобСек 2025 во Прага: „Западниот Балкан не смее да остане сива зона – Европа мора да покаже лидерство“

Latest from Blog

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата,

Далиќ започна на блескав начин како селектор на ОАЕ

По речиси една деценија брилијантно водење на хрватската репрезентација, Златко Далиќ одлучи да замине во Азија, каде што ја презеде селекцијата на Обединетите Арапски Емирати. Синоќа тој дебитираше за новата репрезентација и

Николоски: Од март „Флајдубаи“ директно ќе лета од Дубаи до Скопје

Од март 2027 година ќе биде воспоставена директна авиолинија меѓу Дубаи и Скопје, а паралелно се водат разговори за директно поврзување на Охрид со еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати, соопшти
Go toTop