Извештај: Израел добил „зелено светло“ од САД пред да го нападне Иран

June 13, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – САД биле информирани за сеопфатниот напад на Израел врз ирански нуклеарни и воени цели неколку дена пред неговото започнување и покрај негирањата од Белата куќа, јавуваат медиумите денес, јавува Анадолу.

Според американскиот новински веб-сајт „Аксиос“, претставници од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп биле брифирани пред операцијата и не се спротивставиле приватно, иако јавно давале изјави дека немаат врска со нападот.

„Имавме јасно зелено светло од САД“, изјавил еден израелски официјален претставник за „Аксиос“.

Само неколку часа пред нападите претседателот Трамп изјави дека САД нема да се вклучат воено, но подоцна призна дека бил однапред информиран.

Американскиот државен секретар Марко Рубио нагласи дека Израел дејствувал „еднострано“.

Израелските сили го нападнаа Иран во раните утрински часови во петокот. Премиерот Бенјамин Нетанјаху го претстави нападот како обид да се „елиминираат“ нуклеарните и ракетните капацитети на Техеран, што предизвика драматично зголемување на регионалните тензии.

„Ова не е операција што ќе трае со часови или денови“, изјави Нетанјаху. „Ќе продолжи сè додека не ги оствариме нашите цели.“

Според „Аксиос“, израелските разузнавачки служби осум месеци подготвувале план за нападот.

Во операцијата биле вклучени воздушни бомбардирања, целни атентати и тајни саботажи спроведени од израелската разузнавачка агенција Мосад на територијата на Иран.

Израелски официјални лица за медиумот изјавиле дека планот бил активиран по иранскиот ракетен напад врз Израел минатиот октомври.

Како причина за израелскиот одговор се наведува разузнавачки податок дека Иран го забрзува развојот на нуклеарно оружје и гради нов подземен објект за збогатување ураниум, отпорен дури и на најмодерни проектили.

Во првите часови од операцијата израелската војска соопшти дека се убиени двајца ирански нуклеарни научници и најмалку тројца високи воени команданти, меѓу кои и командантот на Револуционерната гарда и началникот на иранскиот Генералштаб.

Иран најави одмазда, заканувајќи се дека ќе напаѓа израелски цели, но и американски бази во регионот.

„Ќе одговориме во вистинско време и на вистинското место“, изјави висок ирански претставник денес.

Меѓународната заедница изрази сериозна загриженост за ризикот од поширок вооружен конфликт. Европските сили веќе започнаа итни состаноци за нуклеарниот договор со Иран.

Ситуацијата останува нестабилна, а аналитичарите предупредуваат дека понатамошна ескалација може да предизвика поширока војна на Блискиот Исток.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кривични пријави против две правни и две физички лица за бесправно градење

Следно

САД издадоа безбедносно предупредување за американските владини претставници во Израел

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop