Германија: Почина тинејџерот кој беше застрелан од неговиот 81-годишен сосед на пат кон училиште

March 2, 2023
1 min read

КЕЛН (АА) – 16-годишен тинејџер во Германија го загуби животот на пат кон училиште откако беше застрелан од неговиот 81-годишен сосед Италијанец, пренесува Анадолу.

Во соопштението што го објави Обвинителството се вели дека во вторникот во местото Брамше, во подрачјето на градот Оснабрик, животот го загубило момче кое било тешко рането во главата при вооружен напад од страна на неговиот сосед Џузепе Дел Б.

Во соопштението се наведува дека напаѓачот по инцидентот се повредил во обид да се самоубие, но дека не е во животна опасност.

Во вестите објавени во локалните медиуми се вели дека постои сомневање дека напаѓачот пукал во момчето бидејќи бил вознемирен од бучавата.

Момчето кое го загуби животот било по потекло од Албанија.

Во тек е истрага во врска со инцидентот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Емотивна средба на преживеан од земјотресот во Туркије со кучето кое го спаси, и покрај неговата фобија

Следно

Украдени автомобилски делови и гуми од гаражи на Град Скопје

Latest from Blog

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop