Николовска: Студентите во Македонија се жртва на индиферентноста на власта, измина уште еден месец, а нема исплата на средствата за студентски оброк

March 2, 2023
1 min read

Измина уште еден месец во кој студентите не добија никаква исплата на средствата за субвенционираниот студентски оброк. Наместо прослава и награда за успешниот крај на семестарот, завршување на испитната сесија и останати академски и професионални успеси, студентот во Македонија повторно е жртва на индиферентноста на властите кон младите и студентскиот живот, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Александра Николовска од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

-Доцнењето на исплатата за месец јануари дури и на почетокот на третиот месец, по којзнае кој пат докажува дека поддршката на власта за студентите, студентскиот живот и стандард е само декларативна и наменета за личен маркетинг. Кога властите секојдневно докажуваат дека не се способни да ја изградат иднината за младите и новите генерации, треба да си заминат и да престанат да си поигруваат со нашето трпение. Наместо барање слепа послушност, конструктивност и премолчување пред колапсот на системот и институциите, властите треба во нас да го препознаат потенцијалот, креативноста и капацитетот за градење на поубаво и здраво општество, вели Николовска.

Таа додава дека наместо вложување на десетици илјади евра во спонзорирани објави, како и проекти и мерки наменети за личен бенефит, апелираме до надлежните под итно да почнат да се занимаваат со реалните проблеми со кои се соочуваат студентите и младите. И ние, како и секој друг граѓанин на Македонија, заслужуваме достојни и соодветни услови за живот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Половина Аргентина е без струја од голем пожар

Следно

СЕ ВАДАТ И УТРОВО НОВИ ЈАГЛЕНОСАНИ ТЕЛА – се зголемува црниот биланс на загинати во возот на смртта во Грција

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop