На фестивалот „Пеце Атанасовски“ востановен е Ден на гајдата која е заштитена од УНЕСКО

May 31, 2025
1 min read

Во рамките на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ кој викендов ќе се одржува на Рудина, Долнени кога ќе настапат околу 300 изведувачи на народните инструменти и песни, денеска во ликовниот салон од прилепскиот центар за култура „Марко цепенков“ се востанови Ден на гајдата и се одржа Симпозиумот на кој беше промовиран зборникот на научни трудови „Фолклорот во минатото и денес“.

Многу е значајно што гајдата како изворен инструмент и нејзиното правење се најдоа на листата на УНЕСКО како заштитено културно нематеријално богатство. Фестивалот кој ги негува и ги зачувува изворните традиции има посебен пиетет спрема гајдата: го носи името на светскиот гајдаџија Пеце Атанасовски, се одржува во Долнени, лулката на гајдаџиството и како главна награда ја доделува Гајдата на Пеце за најдобриот гајдаџија.

-Влегувањето во УНЕСКО за гајдата не е само придобивка за македонската традиција, за македонскиот народ, туку и за оние простори каде македонската гајда е присутна. Нашите уметници ја презентирале гајдата низ светот. Инаку Македонија има многу изработувачи на гајдата. Порано во Прилеп имало бројни работилници, а до денес познатиот прилепски мајстор Љубен Јурутоски ја изработува Гајдата на Пеце што се доделува како главна награда на Фестивалот. Затоа Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ е нераскинливо врзан за гајдата како репрезентативен изворен инструментм рече професор д-р Горанчо Ангелов, етномузиколог од Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и член на извршниот одбор на Фестивалот.

Денеска на Симпозиумот во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков, уметничкиот директор на Фестивалот, професор д-р Родна Величковска го презентираше шестиот зборник на научни трудови „Фолклорот во минатото и денес“. Дванаесет научници од фолклористиката ги претставија своите истражувања за спознавање и зачувување на богатиот македонски фолклор.

Утре и в недела на Рудина, Долнени, околу 300 учесници од сите краишта на Македонија ќе го разлеат изворниот мелос, а најдобрите жири комисијата ќе ги награди.

Во рамките на Фестивалот е и Семинарот за изучување на народните инструменти и песни. Годинава 20-тина млади покажаа интерес да го изучуваат изворниот мелос. Учествуваат и гости од Австрија, од македонскиот оркестар „Александар“ кои вечер на летната сцена при центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе одржат ревијален концерт.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

„Марш на ангелите“ во Кочани: Солзи, болка и револт

Следно

ПОЧИНА АМЕРИКАНСКАТА АКТЕРКА ВАЛЕРИ МАХАФИ

Latest from Blog

Мицкоски со силна порака за Кичево и кичевчани: Победи соживотот и вербата во вредности

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва испрати силна порака за победата во Кичево. -Падна Фатмир Дехари. Падна од народот кој се обедини против раскалашеноста, недомаќинското работење и се докажа дека

Орце Ѓорѓиевски: Благодарен сум на скопјани за довербата – нема да ја изневерам

Новoизбраниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва по изборната победа изјави дека веднаш по примопредавањето на функцијата ќе започне со реализација на плановите за подобрување на состојбите во главниот град. „Веднаш

Митески прогласи голема победа во Аеродром

Дејан Митески прогласи голема победа во Аеродром, со 18.000 гласа. -Благодарам за можноста што ми ја дадовте! Ова за мене е голема одговорност и ве уверувам дека ќе ја оправдам вашата доверба!

Тони Тоневски победи во Пробиштип

НЕОФИЦИЈАЛНО: Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски, ја освои победата во Пробиштип со 4.156 гласа, додека неговиот противкандидат од СДСМ, Драган Анастасов, доби 4.131 глас. Се очекува официјална потврда од изборната комисија.
Go toTop