Албанските опозициски пратеници не исклучуваат штрајк со глад поради „изборните манипулации”

May 30, 2025
1 min read

Албанската Демократска партија не ја исклучува можноста актуелните пратеници,  да штрајкуваат со глад како форма на протест против налинот на спроведување на изборите на 11 мај.

По пленарната седница, прва по прекин  на работата на Парламентот, поради изборите, на новинарско прашање: дали штрајкот со глад е опција, Бериша одговори дека  „сите форми на отпор се прифатливи“.

Претходно, пред почетокот на  седницата, Бериша изјави дека опозицијата има само една стратегија, враќање на слободното гласање на Албанците.

-Стратегијата на опозицијата е да ја претставува праведната кауза на Албанците за слободен глас. Има само една стратегија, има само една цел, враќање на слободниот глас на Албанците во услови на нарко-држава целосно доминирана од најмоќните картели во Европа, рече Бериша.

На изборите, од 140 пратенички места, колку што брои законодавниот дом,  изборната коалиција предводена од Демократите обезбеди 50 а социјалистите 83 места.

Опозицијата поднесе многу приговори, дел отфрлени а  дел  сеуште се разгледуваат, поради што Централната изборна комисија сеуште ги нема соопштено официјалните резултати.

Мандатот на актуелниот состав завршува на 31 август а конститутивната седница на новиот треба да се одржи на 8 септември. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонските фудбалерки со бод од гостувањето во Летонија ја завршија Лигата на нации

Следно

БРАВО: Сара Мухадини освои злато за Македонија на Балканското првенство во карате за деца

Latest from Blog

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една

Пезешкијан од хотел во Њујорк ги откри плановите на Иран за убиство на Трамп и за нуклеарното оружје (ВИДЕО)

За време на обемното интервју, еден ден по обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации, Пезешкијан ги повтори добро познатите ставови на Иран за војната, неговата нуклеарна програма и внатрешното незадоволство. Тој,
Go toTop