Ал-Наср по Роналдо сака да го ангажира Бускетс

January 10, 2023
1 min read

Саудискиот клуб Ал-Наср сака да го ангажира Серхио Бускетс и е подготвен да му понуди на Шпанецот плата од 13 милиони евра годишно, објави „ESPN“.

Интерес за Бускетс покажува и Интер Мајами, со кој играчот преговара веќе неколку месеци. Фудбалерот од средниот ред се уште не постигнал целосен договор со клубот од МЛС.

Ал-Наср сака да продолжи да се засилува со светски фудбалски ѕвезди, откако успеа да го донесе во своите редови Кристијано Роналдо.

Исто така, саудискиот клуб е заинтересиран за играчот од средниот ред на Челзи, Нголо Канте, чиј договор исто така истекува на лето.

Извори за „ESPN“ изјавија дека Бускетс размислувал да ја напушти Барселона оваа зима, но го убедиле да остане во клубот до лето. Каталонскиот клуб не се откажува од идејата да му понуди нов договор на Серхи, бидејќи потрагата по замена за Бускетс е тешка поради финансиски проблеми. Се разговараше дури и за прашањето за продолжување на соработката за шест месеци, до јануари 2024 година.

Оваа сезона, 34-годишниот дефанзивец забележа 19 настапи за Барселона во сите натпреварувања и оствари една асистенција.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведен Драган Даравелски на „Табановце“

Следно

ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна 161 960 тони комунален отпад во 2022

Latest from Blog

Трамп ќе побара од европските земји да ослободат дел од своите резерви на дизел

Коментарот на американскиот претседател уследи откако министерот за финансии Скот Бесент ја повика Европа да се подготви за итно ослободување на залихите на дизел, тврдејќи дека американските земјоделци, возачи на камиони и

Сè помалку рудари во Македонија: вработеноста во секторот паднала за 8%, производството за 10,1% Бројот на вработени

Бројот на вработени во рударскиот сектор во Македонија бележи значително намалување, паралелно со падот на производството. Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2026 година бројот на работници во секторот
Go toTop