Гиљермо Милано и наредната сезона тренер на РК Вардар

May 29, 2025
1 min read

Ракометниот тренер Гиљермо Милано и следната сезона ќе биде дел од ракометниот клуб Вардар и ќе го предводи тимот, соопштија од клубот.

Клубот и Аргентинецот се договорија на нова соработка која треба да донесе и нови радости за најтројениот македонски клуб.

Милано дојде во Вардар во ноември 2024 година и оттогаш има биланс од 18 победи, два натпревари завршија со реми 9двата на гостински терен) и само еден пораз, и тоа во 2024 година. Меѓу другото го победи Мелсунген во Скопје во Лига Европа, и триумфираше во Битола кај Еурофарм Пелистер.

Клубот има шанси да ја освои двојната круна во Македонија. Викендов игра во полуфиналето на Ф4 турнирот во Охрид, а во првенството е на чекор до враќање на титулата.

Треба да игра натпревар со Тиквеш во гости, а потоа во последното коло пред домашна публика со Еурофарм Пелистер ќе се решава за шампионската титула.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО Арсовска пристигна пред Град Скопје: Каде избега Ганиу?

Следно

Костадинов ја одби средбата со министерката за финансии Димитриевска-Кочовска

Latest from Blog

Општина Битола инвестира во патната инфраструктура – асфалтирани две улици кај Здравствениот дом

Градежната оператива продолжува со реализација на инфраструктурните активности во Битола. По завршувањето на асфалтирањето на улицата „Козара“, денеска се асфалтирани уште две улици во близина на Здравствениот дом – „11-ти Март“ и

Тоневски: Подготвуваме нови проекти за водоснабдување, патишта и канализација во Пробиштип

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, информира дека општината интензивно работи на подготовка на проектна документација за повеќе инфраструктурни проекти кои се планира да се реализираат во наредниот период. Тоневски посочува дека

Проданоски: Вечно ќе ја чуваме храброста и жртвата на бранителите од Карпалак

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака по повод одбележувањето на 25-годишнината од трагичниот настан кај Карпалак, при што животите ги загубија десет прилепски бранители. Проданоски истакна дека нивната жртва останува длабоко

Дали е изненадување: Аргентина со поддршка за Инфантино!

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е под голем притисок. Многу сојузи се изјаснија против него и се создава силна опозиција. Сепак, Швајцарецот добива и одредена поддршка, а најновата доаѓа од Фудбалската

„ПОЛИТИКО“ – ЦРНА ГОРА И ИСЛАНД МОЖАТ ЗАЕДНО ВО ЕУ – Брисел отвара нова сцена за проширувањето

Исланд и Црна Гора би можеле истовремено да станат членки на Европската Унија, доколку Исланѓаните на референдумот на 29 август се изјаснат за повторно отворање на преговорите за членство, објави „Политико“, повикувајќи
Go toTop