Костадинов ја одби средбата со министерката за финансии Димитриевска-Кочовска

May 29, 2025
1 min read

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, ја одбил средбата со министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочовска, која ја побарала таа по јавната реакција на струмичани за недавањето согласност за вработување на негувателки и воспитувачи во градинките во Струмица, објави на неговиот фејсбук профил струмичкиот градоначалник.

Во објавата тој наведува повеќе причини за одбивањето да се сретне со министерката.

„Првата причина е тоа што се бараше на средбата да одам само јас, а таму да дојдат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Таква нетранспарентна средба не прифаќам. Или е тет-а-тет или сите заедно. Моделот на средби со “шушкање” не го прифаќам. Втората причина поради која ја одбив средбата е непрофесионализмот на Министерството. Имено, со месеци не ни е исплатен повратот на ДДВ на јавното претпријатие за транспорт во Струмица со цел истото да биде блокирано, струмичани да немаат јавен превоз а ВМРО-ДПМНЕ да има тема за политичко лешинарство. Иако во повеќе наврати повикував, немаше слух од надлежната министерка се додека не видоа некоја политичка придобивка за нив од остварување на средба, наведува во објавата Костадинов“.

Додава дека проблемот со недостаток на кадар во градинките во Струмица го решаваат сами.

„Сега нема зошто да се гледаме, задоцнивте како што доцните и со довршувањето на регионалниот пат кај Дабиле кон бугарската граница. Доцните и со компјутерска томографија во Струмичката болница. Доцните и со проектите ветени за Струмица. Доцните со правдата, а често и ја опструирате“, напиша Костадинов.

Инаку, недавањето согласност за вработувања во во струмичките градинки по основ на заминување во пензија се разгледуваше и на последната седница на Советот на Општината, на која по меѓусебни обвинувања меѓу советниците, беше изнесена информација од советничка на ВМРО ДПМНЕ дека бил постигнат некаков начелен договор за средба на министерката за финансии со општинското раководство за почетокот на наредната недела за да се најде решение на проблемот.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гиљермо Милано и наредната сезона тренер на РК Вардар

Следно

Променливо облачно со повремен дожд и грмежи

Latest from Blog

Тоневски: Подготвуваме нови проекти за водоснабдување, патишта и канализација во Пробиштип

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, информира дека општината интензивно работи на подготовка на проектна документација за повеќе инфраструктурни проекти кои се планира да се реализираат во наредниот период. Тоневски посочува дека

Проданоски: Вечно ќе ја чуваме храброста и жртвата на бранителите од Карпалак

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака по повод одбележувањето на 25-годишнината од трагичниот настан кај Карпалак, при што животите ги загубија десет прилепски бранители. Проданоски истакна дека нивната жртва останува длабоко

Дали е изненадување: Аргентина со поддршка за Инфантино!

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е под голем притисок. Многу сојузи се изјаснија против него и се создава силна опозиција. Сепак, Швајцарецот добива и одредена поддршка, а најновата доаѓа од Фудбалската

„ПОЛИТИКО“ – ЦРНА ГОРА И ИСЛАНД МОЖАТ ЗАЕДНО ВО ЕУ – Брисел отвара нова сцена за проширувањето

Исланд и Црна Гора би можеле истовремено да станат членки на Европската Унија, доколку Исланѓаните на референдумот на 29 август се изјаснат за повторно отворање на преговорите за членство, објави „Политико“, повикувајќи

Највисокиот исплатен К-15 е 469.190 денари, задолжителниот минимум е 19.567

Само 15 отсто од вработените земале регрес за годишен одмор заклучно со први јули. Просечниот нето-износ на исплатен регрес изнесува 28.562 денари. Оние работодавачи во приватниот сектор што сега исплатуваат регрес за
Go toTop