Со 160 км/ч се судриле возовите на смртта – објавен разговорот помеѓу машиновозачот и станицата, го уверил дека сè е безбедно и го изговорил само овој збор!

March 2, 2023
1 min read

Објавени се разговорите меѓу шефот на станицата во Лариса и машиновозачот на патничкиот воз Интерсити 62, кој во вторникот вечерта се судри со товарен воз. Во несреќата загинаа најмалку 43 лица, а повеќе од 80 се повредени.

Се верува дека стационарецот без да знае за тоа му дал на машиновозачот „зелено светло“ да се престрои на друг дел од пругата, по кој веќе сообраќал товарниот воз.

Машиновозачот не внимавал на црвеното светло пред себе, бидејќи сигналниот систем не работел извесно време. Уште повеќе, како што велат извори од железницата, стационарецот не бил ни свесен дека возот излетал од шините, па не можел да ја поправи грешката во следните минути.

Како течеше разговорот меѓу машиновозачот и станицата

Машиновозач: „Лариса, може ли да се слушнеме. Васили, да одам“ ?

Станица: Оди, оди.

Возач: Добра, пријатна вечер.

Станица: Среќно.

Има и снимка од разговорот на стационарот и браварот, кој открива што се случило.

Бравар: Шефе, да го вратам?

Станица: Не, не, нека оди така.

Бравар: Добро, ќе го оставам како што е, дијагонално.

Овој разговор открива дека работникот го прашал управникот на станицата дали треба да го врати прекинувачот, за возот да се врати на првата пруга. Меѓутоа, тој добил инструкции дека локалниот воз ќе ја користи дијагоналната пруга.

Овие разговори се официјални и возачот немаше причина да се сомнева во наредбите на стационарецот, бидејќи веруваше дека Лариса се слушнала со колегите на следната станица, во Неи Пори, и верувал дека патеката е слободна.

Има индиции дека во тој кобен вторник имало низа технички проблеми поради кои на моменти биле затворени делови од пругата.

Интерсити тргна во 22.48 со задоцнување од 48 минути од железничката станица Палеофарсало, а на „средбата на смртта“ со комерцијалниот воз пристигна неколку минути по 23.00 часот, пишува Прототема.

Шефот на станицата, откако првично тврдеше дека го „заклучил“ возот на вистинската пруга „но не го послушал системот“, ја признал својата фатална грешка и се соочува со сериозно обвинение за убиство од небрежност.

Меѓуградскиот воз 62 на релација Атина-Солун ја помина станицата Лариса нешто пред 23 часот во вторникот, со 341 патник и 13-член екипаж.

Неколку минути подоцна се случи трагедија. Имено, и покрај тоа што железничката линија Атина-Солун е двојна, возот со најмалку 350 луѓе директно се судрил со товарен воз кој се движел во спротивна насока, при што првите три вагони излетале од шините и се запалиле.

Досега, пожарникарите извлекле 43 тела, но властите веруваат дека конечниот биланс на загинати ќе биде поголем бидејќи 19 се уште се водат за исчезнати.

Тоа се претежно ученици и студенти, кои по три дена одмор се враќаа во училиштата.

Во моментот на трагедијата се верува дека возот се движел со брзина од 160 километри на час,пренесе Телеграф.рс.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Николоски: Честитки за првата македонска крими-серија „Бистра вода“, ентузијастички проект без денар државна помош

Следно

Дојави за бомби утрово во 18 училишта во Скопје

Latest from Blog

Пет месеци по неговиот избор: Претседателката Силјановска-Давкова ќе го прими Филипче во Вила Водно

Денеска ќе се одржи работна средба помеѓу претседателот на СДСМ, Венко Филипче и Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова, извести СДСМ. Ова е прва средба на новиот претседател на СДСМ

Дел од општините сè уште немаат мерни станици – Дали воздухот во Македонија е многу позагаден отколку што мислиме?

Енормното загадување на воздухот е реалност што нè чека и оваа зима, иако не е официјално започната, речиси секој ден, освен кога има дожд и ветер граѓаните се гушат во висока концентрација

Парламентарци од Чешка во посета на Собранието на Македонија

Делегација на Комисијата за надворешни работи, Дом на пратеници од Парламентот на Чешката Република, денеска ќе го посети Собранието на Република Македонија. Како што е најавено, чешката парламентарна делагација ќе биде примена

Какво ќе биде времето денес?

Времето денеска ќе биде ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки
Go toTop