Манчестер Сити објави големи промени во штабот на Гвардиола

May 28, 2025
1 min read

Манчестер Сити објави дека заминуваат помошниците тренери во првиот тим, Хуанма Лиљо, Иниго Домингез и Карлос Висенс, како дел од големата реконструкција на штабот на клубот.

Лиљо и Домингез ќе го напуштат „Етихад“ кога ќе им истечат договорите за неколку недели, додека Висенс побара сам да си замине, откако беше назначен за главен тренер на португалскиот тим Брага, заменувајќи го Карлос Карвахал.

Клубот соопшти дека Лиљо – кој првпат пристигна како втор тренер на Гвардиола во 2020 година – „изразил желба да се врати дома во Шпанија“. Ова е негово второ заминување, откако се приклучи на Ал Сад во Катар во 2022 година како асистент, но се врати во Манчестер една година подоцна.

Домингез му се придружи на Гвардиола во 2023 година, кога започна вториот престој на Лиљо. Висенс е во клубот од 2017 година, го освои ФА Купот со екипата до 18 години, а е асистент во првиот тим од 2021 година.

Сити исто така соопшти дека „замените на тројцата ќе бидат објавени навреме, откако ќе завршат преговорите“, додавајќи: „Сите во Манчестер Сити би сакале да им посакаат на Хуанма, Иниго и Карлос се најдобро и да им се заблагодарат за нивниот придонес во еден исклучително успешен период за клубот“.

Екипата на Гвардиола ја заврши оваа сезона без голем трофеј за прв пат по осум години, но обезбеди пласман во Лигата на шампионите завршувајќи трет зад шампионите на Премиер лигата Ливерпул и Арсенал, кои беа единствените што се обидуваа да го освојат првото место.

Значи, за Светското клупско првенство, менаџерот на тимот на „граѓаните“ до 21 година, Бен Вилкинсон, сигурно ќе се приклучи на штабот на Пеп Гвардиола.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити најавува засилување со пратеници – „Тоа е пропаганда“, Зијадин Села негира заминувања од АА

Следно

ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва дискутира за предлог-кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори

Latest from Blog

Роналдо потврди: Ова ми е последен Мундијал!

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Светското првенство во 2026 година ќе биде последното за Кристијано Роналдо. Капитенот на Португалија потврди дека ова СП навистина ќе биде негово последно. Пред осминафиналниот натпревар со Шпанија, закажан за понеделник,

Руски воени бродови пристигнаа во Кина; Наскоро треба да започнат заеднички вежби

Веста беше објавена во недела од страна на кинеското Министерство за одбрана и руските државни медиуми, објави Ројтерс. Во соопштението се наведува дека вежбите се одржуваат секоја година „со цел заедничко справување

Голем пожар во Кисела Вода

Голем пожар избувна попладнево во објект на Јужен булевар во скопската населба Кисела Вода, а густ црн чад се гледа од повеќе делови на главниот град. Директорот на Дирекцијата за заштита и

Дензел Дамфрис е нов играч на Реал Мадрид

Тимот на Реал Мадрид денеска и официјално го промовираше, Дензел Дамфрис за свој нов играч. Десниот бек досега беше дел од тимот на Интер, а од Мадрид одлучија да ја платат откупната

Нежната срна спасена, но со тешки последици сега живее на село, со мало јаре спасено од колење

Срната била пронајдена во житно поле во Кичевско, од двајца работници на ЕВН, со две речиси пресечени нозе и една тешко повредена. Според Здружението за заштита на животните „Анимал рескју проект“, некој
Go toTop