Турскиот министер за надворешни работи Фидан ќе ја посети Украина, ќе одржи разговори на високо ниво

May 28, 2025
2 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан ќе ја посети Украина на 29 и 30 мај на покана на украинскиот колега Андриј Сибиха, соопштија дипломатски извори, јавува Анадолу.

Се очекува Фидан да се состане со украинскиот претседател Владимир Зеленски и премиерот Денис Шмихал, како и да одржи билатерални средби со високи функционери, меѓу кои и со Сибиха, шефот на претседателската канцеларија на Украина, Андриј Јермак, како и со министерот за одбрана Рустем Умеров, кој ја предводеше украинската делегација во директните преговори со Русија одржани во Истанбул на 16 мај 2025 година, додадоа изворите.

За време на состаноците турскиот министер ќе разговара за чекори што може да се преземат за унапредување на билатералните односи, особено во областа на трговијата, енергетиката, одбраната и безбедноста, во рамките на соработката што е воспоставена врз основа на стратегиското партнерство меѓу Анкара и Киев.

Фидан ќе ја повтори поддршката на Турција за територијалниот интегритет, суверенитетот и независноста на Украина.

Исто така, ќе укаже на сè посериозните негативни последици од војната меѓу Русија и Украина, потенцирајќи ја неопходноста од завршување на конфликтот преку дипломатија и потребата од обезбедување праведен и одржлив мир.

Во таа насока се очекува Фидан да ја изрази подготвеноста на Турција повторно да даде свој придонес, како што тоа го прави и досега и да биде домаќин на следните преговори меѓу Киев и Москва.

Тој ќе ја искаже и подготвеноста на Анкара да игра улога во обновата на Украина и ќе ја нагласи важноста на безбедноста на пловидбата по Црно Море.

Покрај билатералните прашања, на средбите ќе се разговара и за регионални и глобални теми.

Се очекува Фидан да се сретне и со припадниците на кримските Татари и Гагаузите, особено со националниот лидер на кримските Татари и пратеник во украинскиот Парламент, Мустафа Џемилев, како и со претседателот на Народното собрание на кримските Татари, Рефат Чубаров.

– Меѓусебни посети на високо ниво, трговска размена меѓу Турција и Украина –

Посетите на ниво на министри за надворешни работи меѓу Турција и Украина продолжуваат со континуиран интензитет.

Фидан последен пат оствари билатерална посета на Украина на 25 август 2023 година.

Сибиха, пак, последен пат ја посети Турција на 21-22 октомври 2024 година, а учествуваше и на Форумот за дипломатија во Анталија што се одржа од 11 до 13 април 2025 година.

На 14 мај Фидан и Сибиха се сретнаа во Анталија на маргините на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО.

Покрај министерските посети, во последно време се бележи значително зголемување на официјалните посети од Украина на Турција на сите нивоа.

Украинскиот претседател Зеленски ја посети Турција на 8 март 2024 година, како и на 17-18 февруари и на 15-16 мај годинава.

Покрај него, претседателот на украинскиот Парламент (Врховна Рада), Руслан Стефанчук, беше во посета на Турција од 13 до 15 мај 2024 година, министерот за одбрана Умеров на 14 мај 2024 година, а шефот на претседателскиот кабинет Јермак, заедно со Умеров, на 28 јуни 2024 година.

Покрај посетите на високо ниво, трговската размена меѓу двете земји во 2024 година изнесуваше 6,2 милијарди долари и покрај негативните последици од војната меѓу Русија и Украина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Папата Лав XIV повикa на прекин на огнот во Газа и мир во Украина

Следно

Зеленски: Украина се надева дека Германија ќе и испорача ракети Таурус

Latest from Blog

Зеленски: Германија и достави на Украина два противвоздушни системи „Патриот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во видео обраќање во Брисел објави дека Германија ѝ префрлила на Украина два противвоздушни системи „Патриот“. Тој го објави ова во видео обраќање до учесниците на Европскиот

На вештачката интелигенција најмногу ѝ оди полски: Англискиот е на 6. место

Иако полскиот јазик се смета за еден од најтешките јазици за луѓето, вештачката интелигенција го разбира изненадувачки добро, постигнувајќи просечна точност од 88% во завршувањето на задачите. Полскиот јазик се покажа како

Мицкоски: Малтретирањето на земјите со вето ги уништува вредностите на ЕУ

„Ако некој се осмели да малтретира некој друг што сака да се приклучи на клубот, зошто другите би молчеле?“, праша премиерот  Христијан Мицкоски на самитот за проширување организиран од Еуроњуз, осврнувајќи се

Во Република Српска потврден случај на тифус кај студентка од Индија

Заразената е студентка од Индија и преземени се сите неопходни мерки за нејзино лекување и спречување на ширење на инфекцијата. Станува збор за увезен случај, бидејќи студентката претходно прележала тифус, а пред
Go toTop