ОРМ: Загрижувачки е трендот на намалување на вкупната продуктивност на македонските компании

May 28, 2025
2 mins read

Загрижувачки тренд на намалување на вкупната продуктивност на македонските компании, покажува истражувањето што беше презентирано денеска во рамки на националната конференција „Продуктивноста и нејзините главни двигатели за економски раст и конкурентност“, организирана по повод 20-годишнината на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ). Според истражувањето кое за потребите на ОРМ го спроведе Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think“, фирмите во земјава стануваат се помалку ефикасни во користењето на основните фактори на производство – трудот и капиталот. Компаниите со странски сопственици имаат дури четири пати повисока продуктивност од домашните, додека извозно ориентираните се значително попродуктивни од оние што работат исклучиво на домашниот пазар.

Ограничениот пристап до финансии, слабите институции и корупцијата се главните пречки за растот на продуктивноста и развојот на македонските фирми. Овие фактори ја нарушуваат конкуренцијата и создаваат долгорочна непредвидливост која ги обесхрабрува инвестициите и иновациите, кои пак, заедно со добрите менаџерски практики и вештините, имаат суштинско значење за долгорочна конкурентност на домашните компании, се дел од клучните наоди.

-Продуктивноста е темелот на секоја успешна компанија и движечка сила за одржлив економски развој на целата земја. За да ја зголемиме, потребно е да почнеме да делуваме веднаш, преку добро обмислени и решителни реформи кои ќе ја подобрат бизнис климата, ќе значат елиминирање на системската корупција, ќе го подобрат пристапот на фирмите до финансии и ќе ги поттикнат инвестициите и иновациите во модернизација на домашната економија, рече претседателката на ОРМ, Владанка Трајкоска.

Јубилејот и конференцијата на ОРМ ги поздрави и заменик – министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

ОРМ на конференцијата презентираше и сет препораки за раст на продуктивноста и деловната ефикасност, меѓу кои: обезбедување поголема финансиска поддршка за мали и нови компании преку поволни кредити, субвенции, даночни олеснувања за инвестиции во иновации и нови технологии, зајакнување на борбата против корупцијата преку зголемена транспарентност на институциите, независно и ефикасно судство, реформа на регулативата заради намалување на административниот товар и зголемување на предвидливоста на пазарните услови, ефикасна борба против нелојалната конкуренција и сивата економија преку дигитализација на услугите во јавниот сектор, засилен и координиран инспекциски надзор и ревизија на државната помош и подобрување на инфраструктурата, особено дигиталната и енергетската, како клучен предуслов за технолошка модернизација.

-ОРМ, како единствена репрезентативна организација на работодавачите во рамки на социјалниот дијалог со Владата и синдикатите, останува посветена на тоа да биде гласот на бизнисот. Ќе продолжиме да креираме решенија во соработка со институциите, синдикатите, експертите и граѓанското општество, со цел да го поттикнеме економскиот раст, да создадеме нови перспективи за младите и да обезбедиме социјална сигурност за сите, најави Трајкоска.

Во рамки на конференцијата се одржа и панел-дискусија на која своите размислувања, ставови и предлози за тоа како продуктивноста да стане приоритет на економските политики во државата ги изнесоа претседателот на Собранието на ОРМ Ангел Димитров, професорката на Економскиот факултет при УКИМ Даниела Бојаџиева, директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски и директорот на Државниот завод за статистика Дејан Станков.

Истражувањето и националната конференција со која се одбележа 20-годишнината на ОРМ беа поддржани од Меѓународната организација на трудот, преку проектот Платформа за вработување и социјални прашања – ЕСАП 3, финансиран од Европската Унија.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грчката Влада ја укинува Агенцијата за земјоделски субвенции по истрагата на ЕУ за измама

Следно

На „Евзони“ уапсен државјанин на Македонија баран со потерница поради убиство во Германија

Latest from Blog

ПОЗНАТА ШЕМА? Погледнете што CNN забележа на Flight Radar околу Куба

Летовите на американската воена разузнавачка служба покрај брегот на Куба нагло се интензивираа, се наведува во анализата на CNN на јавно достапните податоци за воздушниот сообраќај. Од 4 февруари, морнарицата и воздухопловните

Дел од Кисела Вода во понеделник без струја – ЕВН најави прекин

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Општина Кисела Вода. Според најавата, прекинот ќе биде во периодот

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска
Go toTop