Пукање кон куќа во Тетово, нема повредени, најдени 30 чаури од автоматско оружје

May 27, 2025
1 min read

Нема повредени по оружениот инцидент што се случил вечерва во Тетово, кога кон куќа било пукано од автоматско оружје околу 21 часот и 15 минути. Во СВР Тетово било пријавено дека ова се случило на улица „111“ во населбата „Теќе“.

– Било пријавено дека непознати лица кои биле со мотоцикл-скутер, од автоматска пушка пукале во куќата сопственост на М.Т. од Тетово и истите веднаш се дале во бегство. Веднаш било постапено во однос на пријавата каде било констатирано дека немало повредени лица и на самото место биле пронајдени околу 30 чаури од автоматско оружје. Во моментот на пукањето во куќата биле сопственикот со неговото семејство и на куќата биле забележани оштетувања – информира Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

За случајот е известен е јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот, додека увид врши екипа при СВР Тетово.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Има ли АЕК двојни стандарди кога се во прашање навивачите?

Следно

Нетанјаху вети дека ќе ги врати сите заложници од Појасот Газа

Latest from Blog

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер

Одлични вести за навивачите на Барселона: Рафиња и Де Јонг се враќаат за дуелот против Бетис

Барселона ја очекува тешко гостување кај Бетис во деветтото коло од Ла Лига, а тренерот Ханси Флик на прес-конференцијата потврди дека Рафиња и Френки де Јонг се опоравиле од повредите. Каталонците имаат

Македонската берза ја заврши неделата во минус: МБИ10 падна на 9.006,70 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.006,70 поени. Во однос

Иран тврди едно, Америка друго, кој го контролира Ормускиот теснец?

Иранската револуционерна гарда вчера соопшти дека контејнерски брод, кој плови под знамето на Сингапур, потонал откако удрил во поморска мина во Ормускиот теснец, пренесува Ал Џезира. ЦЕНТКОМ (CENTCOM), сепак, наведе дека цивилниот
Go toTop