Издавачка куќа ја тужи Општина Тетово за плагијат – Алили: Ниту сме купиле, ниту сме продале книги

May 26, 2025
1 min read

Пред три дена, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, ги посети библиотеките на пет средни училишта, каде што подели 4.450 лектири со 62 различни наслови. Ова предизвика реакција од издавачката куќа „Онуфри“, која тврди дека книгите на Исмаил Кадаре се украдени, бидејќи – како што додаваат – само оваа издавачка куќа има ексклузивно право да ги објавува делата на писателот.

Бујар Худри дошол од Тирана во Тетово, каде што поднел кривична пријава против Општината.

„Причината зошто доаѓам тука да ја тужам општината е тоа што е скандалозно државата да земе украдена стока и да ја донира. Ќе ја тужам општина Тетово затоа што не познавам никого кој го направил тоа. И она што го кажувате дека училиштата го купиле, општината го купила и донирала. Книгата на Исмаил Кадаре, неговата иконска книга „Генералот на мртвата армија“, е објавена со различна корица и под името на издавачката куќа „Рилиндја“, додека сите знаеме дека Онуфри ги има ексклузивните права врз Кадаре“, изјави Бујар Худри.

Од Општина Тетово ги отфрлаат обвинувањата велејќи дека ниту Општината ниту градоначалникот Касами не ги купиле книгите.

„Книгите ги купија самите средни училишта, со свои средства, а беа купени од издавачката куќа „Чабеј“ од Тетово. Ние како општина не сме купиле книги, а камоли раководителот на општината. Во една од неговите објави на социјалната мрежа се вели дека шефот на општината продавал книги, а тоа е огромна лага. Во петокот, градоначалникот ги посети средните училишта за да ја види залихата на книги што ги купија самите средни училишта. Доколку се докаже дека има повреда на авторските права, сигурно ќе ги повлечеме книгите“, вели Албион Алили, портпарол на Општина Тетово.

Од Општината, исто така, соопштија дека доколку Издавачката куќа „Онуфри“ јавно не се извини за обвинувањата против Касами, ќе поднесат кривични пријави. Инаку, Општина Тетово пред неколку дена го прогласи писателот Исмаил Кадаре за почесен граѓанин.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пречистителната станица за Скопје требаше да проработи годинава – уште не е готова, а не се знае ни дали се гради

Следно

Официјални претставници на ЕУ го критикуваа блокот поради неактивноста во врска со Газа

Latest from Blog

Чуда се случуваат: Андора има клуб во главната фаза на КЛ, жртви се Ардијан Нухиу и Дрита!

фото: Federació Andorrana de Futbol @Fedandfut (X) Во Конференциската лига вечерва вистинско чудо направи Интер Ескалдес од Андора, кој на пенали успеа да го елиминира косовскиот преставник Дрита. По оние 2:2 на

Официјално: Трамп го смени името на езерото Онтарио, за инаeт на Канаѓаните (ВИДЕО)

Трамп ја потпиша наредбата во услови на зголемени трговски тензии меѓу САД и Канада, објави Ројтерс. Тој претходно изјави дека размислува за промена на името на големото езеро пред денеска да ја

Барселона го официјализираше хрватскиот голман

Фото: ФК Барселона Х Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ сега е играч на Барселона, официјално објави клубот. Ветеранот успешно ги помина медицинските прегледи во последните часови, а денес клубот го потврди неговото потпишување.

Починале Британци кои планинареле на +50 степени во пустината во близина на Дубаи

 Спасувачките екипи ги пронашле телата на Аран Мартинсон (33) и Касиус Њутн (34) во планинската област Вади Накаб на 18 јули, пишува Би-Би-Си. Починале од изложеност на екстремни температури Отворајќи ја истрагата
Go toTop