Муртезани: Реформската агенда веќе не е документ на хартија, туку дневна обврска на институциите и техничка рамка на конкретни реформи

May 26, 2025
3 mins read

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани денеска на седницата на Националниот совет за евроинтеграции порача дека Реформска агенда за периодот 2024 – 2027, која произлегува од Планот за раст за Западен Балкан повеќе не е документ на хартија, туку дневна обврска на институциите и техничка рамка на конкретни реформи во повеќе сектори. Муртезани истакна дека повеќе не сме држава која само ја планира европската интеграција, туку ја спроведува истата. 

-Денеска зборуваме од позиција на конкретни резултати. Зборуваме од позиција на искуство, одлучност и структурирана работа која ја трансформира реалноста. Северна Македонија повеќе не е земја што само ја планира европската интеграција, ние веќе ја спроведуваме. Нашата Реформска агенда за периодот 2024 – 2027, која произлегува од Планот за раст за Западен Балкан, веќе не е документ на хартија, таа е дневна обврска на институциите, мапа на движење на политичката визија и техничка рамка на конкретни реформи што го менуваат начинот на функционирање на јавниот сектор, деловната заедница, судството, образованието и енергетиката. Северна Македонија веќе го доби признанието од Европската Унија како прва земја од регионот што доби предфинансирање согласно Планот за раст. Тоа не е симболичен гест, туку директно признание дека оваа Влада знае како да креира, презентира и спроведува реформи кои се кохерентни, кредибилни и мерливи, истакна Муртезани на седницата на Националниот совет за евроинтеграции на тема „Статус на реализација на Реформската агенда 2024-2027 на Република Северна Македонија, идни чекори и предизвици“.

Министерот нагласи дека реформите се веќе на терен и дека имплементацијата на Реформската агенда во 2024 година се одвивала со целосно зачуван континуитет и покрај политичката транзиција. Напомена дека се исполнети сите пет иницијални реформски чекори предвидени до февруари оваа година, вклучувајќи го новиот Закон за јавна внатрешна финансиска контрола, подзаконските акти од Законот за буџети, реформите во изборот на управни органи на државни компании и кадровските решенија во судството.

-Како потврда на нашата водечка улога во регионот во овој контекст, веќе поднесовме барање за ослободување на 17,1 милиони евра од ЕК. Овие мерки се само дел од Реформската агенда, која носи дополнителен финансиски поттик од 750 милиони евра за Северна Македонија. Дел од овие средства се за директна буџетска поддршка, а значителниот дел е наменет за инвестициски проекти и социо-економски развој, со јасна врска меѓу реформите и подобрување на животниот стандард на граѓаните, потсети Муртезани.

Паралелно, како што дополни, веќе се работи на 16 нови чекори со рок до јуни 2025 година, со вредност над 70 милиони евра, кои опфаќаат четири приоритетни области: енергетика, дигитална трансформација, деловно опкружување и владеење на правото. Истакна дека во тој контекст, еден од овие чекори, Законот за енергетика, веќе е усвоен од страна на Собранието.

-Во својство на национален координатор за спроведување на Реформската агенда, ја користам оваа можност да упатам повик за заедничка мобилизација и интензивирање на напорите кај сите инволвирани чинители во процесот, вклучително и до вас почитувани пратеници, со цел навремено исполнување на преземените обврски. Ова особено се однесува на законодавниот пакет во областа на дигиталната трансформација, кој веќе е доставен до Европската комисија, како и на законите поврзани со реформите во правосудниот сектор, истакна Муртезани, кој посочи дека она што ја прави оваа фаза на Реформската агенда клучна е не само тоа што се работи многу, туку и тоа што реформите се дизајнирани така што се на одреден начин неповратни. 

Министерот потсети и дека Владата, на седницата одржана минатиот вторник усвоила два суштински акта со кои се воспоставува институционалната архитектура за спроведување на Планот за раст за Западен Балкан 2024–2027. Станува збор за Одлуката за утврдување на структурите за спроведување на Планот за раст и Уредбата за начинот на спроведување и контрола на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан. Со оваа уредба, појасни тој, се воспоставува механизам за координација на две комплементарни нивоа: политичко, на кое одговорност носат ресорните министри и оперативно, кое ќе го спроведуваат назначените службеници преку конкретни активности и следење на имплементацијата.

-Во контекст на денешната дискусија, која ја отсликува Реформската агенда како национална можност, мислам дека треба отворено да ги адресираме и системските предизвици. Тие се реални и не ги прикриваме. Недостатоците во административниот капацитет, фрагментираното планирање и потребата од поефективен мониторинг и евалуација остануваат области за унапредување. Но, она што вистински ја разликува оваа фаза е постоењето на стабилна политичка поддршка, функционални институции и конструктивен дијалог со граѓанското општество и експертската заедница, услови кои ретко се поклопуваат и затоа сметам дека претставуваат стратешки капитал кој што го користиме целосно, истакна Муртезани.

Министерот за европски прашања додаде дека Реформска агенда не е инструмент што се подготвува за надворешна употреба, туку е национална рамка за структурни реформи, во согласност со европските политики, но насочена кон домашна трансформација.

-Агенда за ефективна администрација, транспарентни институции, инклузивно образование и економија што е усогласена со европскиот пазар. Нашата европска иднина не е проекција, таа е тековна реалност, која ја градиме со секој донесен акт, секој успешно спроведен процес и секоја партнерска иницијатива што ја движи Северна Македонија напред, заклучи министерот во своето обраќање. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

РФМ со осуда за однесувањето на АЕК, очекува одлука од ЕХФ која ќе го заштити интегритетот на натпреварувањето

Следно

Трамп го продолжи рокот за трговски договор со ЕУ до 9 јули

Latest from Blog

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски
Go toTop