Скандал во „Борис Трајковски“: Одложен реваншот меѓу Алкалоид и АЕК – претседателот на АЕК не дозволил настап поради навивачки инцидент

May 25, 2025
1 min read

Долгоочекуваниот реванш натпревар меѓу македонскиот Алкалоид и грчкиот АЕК Атина во рамки на Европскиот Куп на ЕХФ заврши неславно – со статус одложен и без одигран натпревар. Причината за прекинот е сериозен безбедносен инцидент поврзан со гостинските навивачи и одлука на претседателот на АЕК да не дозволи неговите играчи да излезат на терен.

АЕК, кој вечерва гостуваше во СЦ „Борис Трајковски“ во обид да надомести четири гола негатива од првиот натпревар во Атина, требаше да биде поддржан од околу 200 свои навивачи. Грчкиот клуб претходно објави дека и покрај напорите за поголем број присутни фанови, биле добиени само 200 билети за гостинскиот сектор. Салата беше распродадена денови однапред, со најави за жестока атмосфера и историска шанса за Алкалоид да стигне до европски трофеј.

Но, ситуацијата драстично се промени попладнево кога македонската полиција, врз основа на безбедносна проценка, не дозволи на два автобуси со грчки навивачи да влезат во салата. Реакцијата следеше веднаш – останатите навивачи на АЕК кои веќе биле во Скопје го блокирале хотелот каде што биле сместени ракометарите на грчкиот клуб, не дозволувајќи им да го напуштат објектот.

Иако играчите изразиле подготвеност да настапат, конечната одлука ја донел претседателот на АЕК, кој, незадоволен од третманот кон своите навивачи, им забранил на ракометарите да излезат на терен. Како резултат на тоа, натпреварот не започна, а комесарите и официјалните лица го означија со статус одложен, без најава кога (и дали) ќе се доигра.

Грчките навивачи кои не беа пуштени во салата во меѓувреме си заминале назад за Грција, додека ситуацијата околу натпреварот останува неизвесна. Европската ракометна федерација (ЕХФ) сè уште не се има официјално изјаснето за развојот на настаните.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓекереш постигна повеќе голови ама ,,Златна копачка” е Мбапе!

Следно

Се огласија и од грчки АЕК

Latest from Blog

ПЛЕЈ – ОФ: Цеље не успеа да испише историја, ова се сите клубови кои ќе играат во Лигата на Шампионите(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/nkcelje/ Штета за Цеље, тим од Словенија кој вечерва не успеа за првпат во својата историја да се пласира во ЛШ односно во Лигашката фаза во најелитното клупско натпреварување во Европа. Од

Смрт поради лајкови: Нов опасен тренд ги залуди младите- возат во спротивна насока, сѐ снимаат и објавуваат

Од таканаречените „тинејџерски лудории“ на јавни простори во Соединетите Американски Држави, што доведоа до воведување на полициски час, до „предизвикот за затемнување“, за време на кој корисниците  намерно се задушуваат, виралните, а

„Онкологија“: Одбраната посочува дека во лекувањето на 31 пациент учествувале 28 лекари

Во лекувањето на дел од пациентите во случајот „Онкологија“ учествувале повеќе медицински лица, поради што не може да се бара индивидуална одговорност за целиот процес на лекување, истакна техничкиот советник на првообвинетиот
Go toTop