Бројот на жртви во Грција се искачи на 43 – насилни протести во Атина

March 1, 2023
1 min read

На протестите попладнево во Атина не требаше да помине многу време за да дојде до тензија и судир со полицијата, а имаше и солзавец, превртени и запалени канти за ѓубре…

Фото: „Скај“ ТВ

Бројот на загинати во железничката несреќа во Грција се искачи на 43, јавија грчките медиуми повикувајќи се на форензичката служба во Лариса.

Додека се бројат мртви и се прави увид на местото на несреќата, во Атина се организираа протести на кои се бараше одговорност.

Протестот започна мирно пред канцелариите на Грчки железници. Според извештаите во грчките медиуми, на протестот учествуваа членови на синдикатите, студентски здруженија и други.

Демонстрантите на почетокот запалија свеќи и седеа на улицата, но потоа беа регистрирани неколку инциденти.

За да дојде до тензија и судир со полицијата, јавува грчката телевизија „Скај“, не требаше да помине многу време, а имаше и солзавец, превртени и запалени канти за ѓубре итн.

Од пред канцелариите на грчките железници, протестот продолжи кон централниот плоштад „Синтагма“ во Атина.

Прерходно, ЕРТ и ТВ „Скај“ јавија дека свртничарот на железничката станица во Лариса ја признал вината за фаталната несреќа што се случи синоќа.

Тој е уапсен и дека пред истражните органи признал оти еден од возовите упатил на погрешна пруга по која од спротивната насока се движел другиот воз. За грешката станал свесен веднаш штом слушнал за несреќата.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ПРЕПОРАКИТЕ ОД СТРАЗБУР НЕ СЕ ЗА БРИШЕЊЕ ПОД Судијата Илија Трпков ќе ја брани честа и знаењето на македонските судови

Следно

Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи, завршија сите потребни проверки

Latest from Blog

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop