Голем собир на љубители на Веспа се одржа во Џакарта

May 24, 2025
1 min read

ЏАКАРТА (АА) – Сопствениците на веспи од цела Индонезија и од странство се собраа денес во главниот град Џакарт за да учествуваат на „Jakarta Mods Mayday“ (JMM) 2025, годишен настан што ја слави културата на скутерите и заедништвото, известува Анадолу.

Настанот го организираше продуцентската куќа „Warriors Jakarta Production“, а според проценките, на настанот имало околу 5.000 учесници, кои во група возеле низ главните улици на Џакарта.

Освен што претставува прослава на љубовта кон Веспа и ретро стилот, JMM 2025 има и пошироко значење, бидејќи се очекува позитивно да придонесе за туризмот и развојот на креативната економија на индонезиската престолнина.

Индонезија со децении е дом на една од најголемите заедници на Веспа во Југоисточна Азија. Културата на возење на овој легендарен скутер датира од 1960-тите, а сега постојат клубови за Веспа во речиси секоја провинција. Тие служат не само како места за собирање, туку и како културни движења кои ги промовираат вредностите на братството, слободата и винтиџ стилот.

На настанот присуствуваа не само ентузијасти од пошироката околина на Џакарта, туку и гости од други делови на Индонезија и од странство, вклучувајќи ги Сингапур, Малезија и Јапонија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ИЈЗ: Контактите на заразените со Mpox немаат симптоми, отворени телефонски линии за информации и консултации!

Следно

Претседателот Ердоган се сретна со сирискиот претседател Шара

Latest from Blog

Проданоски: Земјоделците од Мажучиште и Коњари нема да бидат оставени сами

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска беше на терен во населеното место Големо Коњари, каде се увери во последиците од вчерашното силно невреме проследено со дожд и град. Невремето предизвика сериозни

Мицкоски најави можно намалување на ДДВ за горивата

Владата планира намалување на ДДВ за нафтените деривати по последниот раст на цените на горивата, најави премиерот Христијан Мицкоски. На новинарско прашање дали се размислува за намалување на ДДВ, Мицкоски одговори дека
Go toTop