ИЈЗ: Контактите на заразените со Mpox немаат симптоми, отворени телефонски линии за информации и консултации!

May 24, 2025
1 min read

Институтот за јавно здравје, конкретно епидемиолози од ИЈЗ, исконтактираа со контактите на позитивните лица со Mpox кои тие ги посочија и истите немаат никакви симптоми на заболување.

Позитивните лица се во добра состојба. Нема нови сомнителни случаи кои што се испратени за тестирање, нема нови позитивни случаи.

Во текот на вчерашниот ден беа објавени препораки на веб страната на ИЈЗ до граѓаните. Дополнително, ИЈЗ изработи краток водич за здравствени работници со препораки и патеки на движење за сомнителните случаи и истиот беше доставен до Министерството за здравство кое што ги проследи до надлежните здравствени институции.

Институтот за јавно здравје денес отвара 2 нови телефонски линии за
информирање за Mpox:

1. За консултации на граѓани
2. За консултација на здравствени работници

Институтот за јавно здравје, Министерство за здравство, заедно со
останатите надлежни институции се во постојана комуникација и
координација и остануваат посветени во следење на актуелната состојба
како и справување со истата. Засега ризикот за ширење на оваа болест во
нашата држава останува низок.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Силјановска – Давкова положи венец пред спомен плочата на македонски јазик во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим

Следно

Голем собир на љубители на Веспа се одржа во Џакарта

Latest from Blog

Проданоски: Земјоделците од Мажучиште и Коњари нема да бидат оставени сами

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска беше на терен во населеното место Големо Коњари, каде се увери во последиците од вчерашното силно невреме проследено со дожд и град. Невремето предизвика сериозни

Мицкоски најави можно намалување на ДДВ за горивата

Владата планира намалување на ДДВ за нафтените деривати по последниот раст на цените на горивата, најави премиерот Христијан Мицкоски. На новинарско прашање дали се размислува за намалување на ДДВ, Мицкоски одговори дека
Go toTop