ЕУ одговори на заканите од Трамп за царини: Сакаме фер трговски договор, но подготвени сме да одговориме

May 24, 2025
1 min read

Европската унија работи со „добра волја“ за да обезбеди трговски договор со САД базиран на „почитување“, а не на „закани“, изјави европскиот комесар за трговија Марош Шефчович, по коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе вовде царини од 50 отсто за ЕУ.

Трамп изјави дека не „бара трговски договор“ со Европската Унија, заканувајќи се дека ќе воведе царини од 50% за увоз од 27-те земји-членки од 1 јуни.

– ЕУ е целосно ангажирана и решена да обезбеди договор што ќе им одговара на двете страни. Трговијата меѓу ЕУ и САД мора да биде водена од меѓусебно почитување, а не од закани. Ние сме подготвени да ги браниме нашите интереси, напиша Шефчовиќ на X по разговорите со американскиот трговски претставник Џејмисон Грир и секретарот за трговија Хауард Лутник.

По заканите од Вашигнтон, ЕУ во почетокот на мај најави дека ќе воведе царини за увоз од САД во вредност од 95 милијарди, што се однесува на автомобили и авиони, ако трговските преговори со администрацијата на Трамп не успеат.

Европската комисија, исто така, објави дека ќе се жали пред Светската трговска организација (СТО) за трговските мерки што САД ќе ги воведуваат против ЕУ.

Во последните месеци, ЕУ беше три пати погодена од царините на американската администрација: 25 проценти за челик и алуминиум, кои беа објавени во средината на март, 25 проценти за автомобили, а потоа 20 проценти за сите други европски производи во април.

Царините беа суспендирани до јули за да се овозможат преговори, но царинските давачки од 10 проценти сè уште важат за повеќето стоки што ги извезуваат 27-те земји-членки на ЕУ во САД.

Доналд Трамп редовно ја напаѓа Европа откако се врати во Белата куќа за втор мандат, сметајќи ја, како што рече, „полоша од Кина“ во трговските односи.

САД го проценуваат својот дефицит во трговијата со ЕУ во 2024 година на 235 милијарди долари, но Европската комисија истакнува дека суфицитот на САД во услугите го намалува трговскиот дефицит на околу 57 милијарди долари.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Кочани нов марш на семејствата на настраданите во пожарот

Следно

Убава функција има Николоски – вицепремиер задолжен за задолжувања со милијарди евра

Latest from Blog

Вештакот Марковски: „Пулс“ бил безбеден во 2012 година, сопственикот бил должен да бара пренамена

На денешното судење за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во фокусот на вкрстеното испрашување беше вештакот Горан Марковски, декан на Градежниот факултет во Скопје. Во текот на испрашувањето, адвокатката на

Скопје – Блаце конечно добива продолжение: „Гранит“ ќе гради 10,5 километри автопат

Градежната компанија „Гранит“ го потпиша договорот со ЈП „Државни патишта“ за изградба на вториот дел од автопатот Скопје – Блаце, кој треба да ја поврзе македонската метропола со границата со Косово. Според

Арбелоа: Заслуживме повеќе!

фото: Real Madrid C.F. (X) Менаџерот на Фулам, Алваро Арбелоа, изрази мешани чувства по поразот на неговиот тим од Челзи со 3-2 во нивниот прв натпревар од Премиер-лигата. Шпанецот рече дека е

Зеленски ја објави пораката што ја добил од Трамп!

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ја објави честитката која ја добил од претседателот на САД, Доналд Трамп по повод Денот на независноста на Украина, истакнувајќи дека „овие зборови, исто како и звукот од
Go toTop