Во Кочани нов марш на семејствата на настраданите во пожарот

May 24, 2025
1 min read

Родителите и блиските на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ утре попладне ќе го одржат седмиот „Марш за ангелите“.

Маршот ќе почне во 16:05 часот од Паркот на Револуцијата и ќе продолжи кон Трговскиот центар по што учесниците ќе се упатат кон општинската зграда, а оттаму кон Полициската станица и пред Основниот суд и Обвинителството во Кочани.

Семејствата на настраданите бараат неселективна правда и ги повикуваат граѓаните да им се придружат. 

Поддршка на маршот даде и движењето „Кој е следен?” кое организира бесплатен автобуски превоз од Скопје до Кочани.

Во четвртокот, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека за десетина дена треба да заврши истрагата и дека се испрашани над 300 лица. По завршување на истражните дејства, одбраната ќе има можност за увид во доказите, а обвинителниот акт се чека да биде готов во средината на јуни. Коцевски повтори дека се работи на собирање и на нови докази и посочи дека ако јавните обвинители откријат нови моменти, истрагата ќе биде проширена. 

Во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март годинава, досега осомничени се 68 физички и три правни лица. Во пожарот загинаа 63 лица, а околу 200 беа повредени. Меѓу загинатите беа и членови на бендот „ДНК“ кои таа вечер имаа концерт во дискотеката.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје за натпреварот Алкалоид-АЕК

Следно

ЕУ одговори на заканите од Трамп за царини: Сакаме фер трговски договор, но подготвени сме да одговориме

Latest from Blog

Македонско друштво “Илинден”-Тирана единаесет години рамноправен член на Федералната унија на европските националности

Македонско друштво “Илинден“-Тирана, пред единаесет години беше примено во Федералната унија на европските националности (ФУЕН) највисоката малцинска организација во Европа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана стана прво друштво од Република Албанија рамноправен член на

Денот на Европа одбележан со музички спектакл во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на прославата по повод Денот на Европа, која се одржа во „Европската куќа“ во Битола, сместена во Офицерскиот дом, во атмосфера исполнета со музика, млади луѓе

Трамп: Со Си Ѓинпинг РЕШИВМЕ МНОГУ ПРАШАЊА ШТО ДРУГИ НЕ МОЖЕА

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека разговарал со кинескиот претседател Си Ѓинпинг за војната во Иран, наведувајќи дека и двајцата се согласиле оти не сакаат Техеран да поседува нуклеарно оружје и

Лапе: Доказите укажуваат на прв сериски убиец во Македонија

Основното јавно обвинителство во Куманово денес објави дека со проширувањето на истрагата 25-годишнио маж од село Малотино за дури четири убиства и два обиди за убиства. Обвинителот Љубомир Лапе изјави дека истрагата
Go toTop