Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици колапс на сообраќајот

May 23, 2025
1 min read

Силно невреме проследено со поројни врнежи од дожд и наместа град, го погоди попладнево Белград. Поплавени се голем број улици во градот како и автопат. На Авала паѓаше град со големина на лешник.

Сообраќајот низ центарот на градот е исклучително отежнат – голем број автомобили и автобуси на градскиот превоз се заглавени, блокирани се возила на Итната медицинска помош како и на полицијата.

Големи колони возила се на правец кон Нов Белград како и преку Бранков мост кон центарот на градот. 

Невремето погоди неколку места во околината на Белград.

Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) на Србија околу 15 часот издаде вонредно предупредување дека е пуштен во употреба системот за испраќање итни СМС информации до граѓаните, за невреме со дожд, град и силен ветер. РХМЗ на Србија соопшти дека невремето се движи кон јужниот-југоисточниот дел од државата.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Антоанета Димовска: Управниот суд реши во моја корист, но ми ускрати и право

Следно

Делегацијата од Министерство за култура за прошетката во Јапонија потроши над 3,6 МИЛИОНИ!

Latest from Blog

Во Република Српска потврден случај на тифус кај студентка од Индија

Заразената е студентка од Индија и преземени се сите неопходни мерки за нејзино лекување и спречување на ширење на инфекцијата. Станува збор за увезен случај, бидејќи студентката претходно прележала тифус, а пред

Најбогатиот знак во ноември: Очекува зголемување на платата – пристигнуваат деловни понуди

Во ноември, астролошки гледано, Јарецот има најмногу можности за богатство и финансиски напредок. Енергијата на месецот му носи стабилност, нови деловни понуди и шанси конечно да ја отплати напорната работа од претходните

Алиу: После изборните резултати нашата коалиција е сигурна и посилна

После десет години имаме нов амбиент во државата, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарско прашање во врска со резултатите од локалните избори. Нашата коалиција, посочи, не беше задкулисна
Go toTop