ЕБОР: Индустриските политики се почесто се користат и во економиите со помал административен и фискален капацитет

May 19, 2025
1 min read

Индустриските политики бележат оживување и нивната растечка популарност е примарно обликувана од домашните политичко-економски услови и од растечките геополитички тензии. Иако овие политики обично се применуваат во економиите во повисоки приходи, се почесто се користат и во економиите со помал административен и фискален капацитет, оценува Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во најновиот извештај „Извештај за транзицијата, навигација во индустриските политики“. 

Според Фатих Туркменоглу Од ЕБОР, Македонија има направено импресивен чекор во нејзината зелена транзиција, развој на инфраструктурата и зголемување на пристапот до финансии за деловните субјекти и за граѓаните.

„Стратегијата на ЕБОР за Северна Македонија за периодот 2025 – 2030 година, која беше усвоена овој месец, има јасни приоритети за регионалната интеграција, одржливата инфраструктура и зајакнување на поконкурентната и инклузивна економија. Како што е истакнато во Извештајот за транзицијата 2024-2025 година-Навигација во индустриските политики, истите може да играат критична улога во обликување на долгорочната конкурентност и отпорност на земјата. Во Северна Македонија, нашите инвестиции се стремат кон креирање на значајни можности кои ги охрабруваат луѓето да ја градат нивната иднина дома, преку поддршка на инклузивен раст и помош во справување со демографските предизвици. Јас сум оптимист за иднината и посветен сум во испорачување на уште поголемо влијание во годините кои следат“, истакна Туркменоглу.

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, слободните економски зони, како основна алатка на индустриската политика, одиграле позитивна улога во привлекувањето на странските претпријатија, создавањето на работни места и зголемувањето на продуктивноста во македонската економија, но придобивките би биле поголеми доколку трансферот на знаење и врските меѓу странските инвеститори и домашните компании се зајакнуваат. 

„Очигледно е дека овие компании, согласно проценките на Народна Банка, имаат позитивни ефекти врз билансот на плаќања, генерирајќи нето девизен прилив од 17,8 проценти од БДП во периодот 2014-2023 година. Но, придобивките можат да бидат поголеми ако трансферот на знаење, технолошката дифузија и врските помеѓу странските инвеститори и локалните бизниси се зајакнат. Моментално се проценува дека фирми кои работат во зоните користат само околу 10 проценти од нивните потреби, од македонските локални претпријатија“, подвлече Ангеловска-Бежоска.

ЕБОР досега има инвестирано над 2,9 милијарди евра во 198 проекти во државава.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Талевски во 24 анализа: ВМРО-ДПМНЕ не го гласаа Законот за поддршка на семејствата од Кочани и си го покажаа вистинското лице

Следно

„Од 50 функционери, само 3 поднеле оставка“ – Фетаи: АA е сѐ уште во Владата!

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop