Симпатичниот клуб од Тафталиџе најавува борба за АБА 1 лига

May 19, 2025
1 min read

Екипата на ТФТ ќе го предизвика МЗТ Скопје во годинешното финале од македонскиот кошаркарски плејоф.

Кошаркарите на ТФТ Скопје стигнаа до трета победа над Работнички (73-92) и се пласираа во финалето на Првата македонска лига.

Избраниците на Боро Смилковски третпат во исто толку натпревари го надиграа градскиот ривал, првпат како гостин и без поголеми потешкотии си обезбедија серија во која ќе го предизвикаат МЗТ Скопје за трофејот.

ТФТ во финалето ќе се обиде да ја прекине доминацијата на МЗТ Скопје, додека Работнички против МКК Куманово ќе се бори за третото место на крајот од сезоната.

Тимот од Градски парк последен пат играше во финалето во 2019 година, а последната титула е освоена година претходно.

Воведните два меча ќе се играат на теренот на актуелниот шампион во Аеродром и тоа во помалку невообичаени денови – четврток (22 мај) и понеделник (26 мај) со почеток од 19.30 часот.

Поради желбата на сите инволвирани во кошаркарскиот спорт најважните мечеви да се играат со пренос на националниот сервис.

Симпатичните кошаркари на тимот од Тафталиџе потенцираат дека: Ова не е само победа. Ова е момент што се памети! За историско финале на ТФТ!

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НА ЦРНИОТ ПАЗАР ВО КАН БИЛЕТИТЕ ЗА ПРЕМИЕРИТЕ СО ЦРВЕН КИЛИМ И ЗАБАВИТЕ СЕ ПРОДАВААТ ЗА 6.000 ДОЛАРИ

Следно

Талевски во 24 анализа: ВМРО-ДПМНЕ не го гласаа Законот за поддршка на семејствата од Кочани и си го покажаа вистинското лице

Latest from Blog

Трамп: Куба бара помош

Тој ја објави својата порака на социјалната мрежа Truth Social пред неговата посета на Кина оваа недела. „Никој од републиканците никогаш не ми ја спомнал Куба, а тоа е неуспешна земја која

Првиот ФИФА терен во Македонија свечено пуштен во употреба во Босилово

Со скромна церемонија во Босилово, денес беше отворен првиот фудбалски терен во Македонија изграден во рамки на глобалниот проект „FIFA Arena“, иницијатива на ФИФА насочена кон развој на базичниот фудбал и создавање

Омерагиќ: Босилово е првиот чекор на проектот „FIFA Arena“ во Македонија

Со скромна церемонија во Босилово, денес беше отворен првиот фудбалски терен во Македонија изграден во рамки на глобалниот проект „FIFA Arena“, иницијатива на ФИФА насочена кон развој на базичниот фудбал и создавање
Go toTop