Без промени во енергетскиот систем, следниот „блекаут“ е само прашање на време

May 19, 2025
2 mins read

Во неделата наутро, голем дел од земјата остана без струја. АД МЕПСО објасни дека прекинот бил предизвикан од низок транзит и мала потрошувачка на електрична енергија за време на ноќта и викендите. Извештајот на компанијата потврдува дека високите напони на 400-киловолтната мрежа во регионот довеле до краткотраен испад на трансформаторите 400/110 киловолти. Според МЕПСО, станува збор за поширок регионален и европски проблем кој ги засега речиси сите оператори на преносни системи.

Сепак, енергетичарите укажуваат дека ова е само дел од приказната.

Професорот Дејан Трајковски смета дека, покрај високите напони, треба да се анализира и улогата на фотонапонските електрани и нивните моќни инвертери. Според него, високата капацитивна реактивна моќност од овие системи, особено кога се во мирување, може сериозно да ја наруши стабилноста на мрежата.

– Во неделата изутрина се појавил преголем напон во мрежата, поради голема реактивна моќност што доаѓала и од македонската и од српската страна. Во комбинација со мала потрошувачка и производство, дошло до пренапон. Бугарија реагирала со компензација на дел од оваа реактивна моќност, но македонскиот систем, особено ако работел само еден генератор во РЕК Битола, немал доволна можност за стабилизирање. Пренапонот довел до исклучување на 110-киловолтни трафостаници, што било обид да се спречи целосен колапс – објаснува Трајковски.

Тој дополнително посочува дека инвертерите од фотонапонските централи, дури и кога не испорачуваат активна моќност, ако останат приклучени на мрежата, продолжуваат да испорачуваат капацитивна реактивна енергија, што може да доведе до нестабилност.

– За решавање на овој проблем потребен е мониторинг на реактивната моќност од инвертерите, дистанциско управување, нивно конфигурирање да не испорачуваат реактивна енергија кога не се активни, и развој на алгоритми за предвидување на пренапонски состојби. Доколку ги затвориме класичните термоцентрали, а не се преземат овие мерки, проблемите ќе се зголемат со растот на фотонапонските и ветерните капацитети – додава тој.

Како можно решение, Трајковски препорачува воведување на хибридни системи за складирање на енергија, кои сè почесто се користат во системи базирани на обновливи извори.

– Батериските системи реагираат побрзо од класичните генератори, стабилизираат фреквенција и напон и можат веднаш да го поддржат системот при исклучување. Реверзибилните хидроцентрали, пак, обезбедуваат голема инерција и можат да функционираат прецизно и во „островски“ режим – вели тој.

Покрај техничките фактори, експертите укажуваат и на слаби точки во регионалната преносна инфраструктура. Според нив, постои веројатност дека заради потреба од брзо балансирање во регионот, морало да се пренесе голема количина енергија кон Бугарија, Грција или пошироко кон европските системи. За таа цел, требало навреме да се ослободи капацитетот на преносната мрежа – нешто што можеби не било направено.

– Проблемот не е само внатрешен, туку и во преносната инфраструктура. Ако не се преземат системски мерки, ризикот од повторување останува – предупредуваат експертите.

Доколку не се преземат соодветни мерки, сличен колапс на електроенергетскиот систем може повторно да се случи, предупредуваат енергетските експерти. Според нив, најважно е темелно да се истражат сите можни причини за прекинот во снабдувањето со електрична енергија. „Ако ја знаеме болеста, ќе го најдеме и лекот“, велат тие.

Електричната енергија во повеќето градови беше вратена за еден до два часа по прекинот, а системот потоа се стабилизираше. Но, прашањето останува – дали ова беше само предупредување, или најава за следниот, можеби посериозен, колапс?

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Никушар дан-проевропскиот градоначалник на Букурешт, победи на претседателските избори во Романија

Следно

11 пациенти се лекуваат во странство – тим од специјалисти ќе ја утврдува состојбата на повредените

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop