Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Дуковска за уставен судија – Судски совет неправилно гласал

May 19, 2025
1 min read

Од Управниот суд ја поништија одлуката за избор на Елизабета Дуковска за судија на Уставниот суд, поради неправилно спроведена постапка од страна на Судскиот совет. Судот утврди дека Советот не ги разгледал подеднакво сите кандидати и не ги почитувал законските критериуми предвидени во Законот за судски совет.

Според пресудата, Советот донел одлука без целосна анализа на сите предложени кандидати, бидејќи не биле обезбедени сите потребни материјали за нивната стручност и придонес во правната теорија. Гласањето се одвивало само по првиот предлог, додека другите два кандидати не добиле можност за еднаков третман, што ја нарушило транспарентноста, еднаквоста и мерит системот на избор.

Во записникот од седницата се потврдува дека членовите на Советот се запознале со биографиите на кандидатите за првпат на самата седница и гласањето било спроведено само по првиот предлог, при што останатите предлози биле игнорирани. Ова, според судот, претставува повреда на законските обврски и уставните принципи за еднаквост и отчетност.

Судот ја прифати тужбата на Антоанета Димовска, член на Судскиот совет и кандидат за уставен судија, и наложи повторно постапување согласно законските критериуми за правичност и транспарентност, при што треба да се спроведе гласање по сите предлози со целосно почитување на мерит критериумите.

Дуковска, која беше судија-известител за предметот со Законот за јазиците, се враќа на претходната функција во Апелациониот суд Скопје. Од Уставниот суд најавија став по однос на пресудата.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од утре тим специјалисти ќе ја утврдува состојбата на секој пациент од пожарот во Кочани

Следно

„Уништуваме сè што остана во Газа, светот не може да нè запре“, изјави израелскиот министер Смотрич

Latest from Blog

Николоски: Инвестициите во Коридорите 8 и 10 ќе ја поврзат Македонија со регионот и ќе донесат силен економски развој

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Поранешна фудбалерка стана прв спортски директор на Бундеслигаш

Поранешната професионална фудбалерка Кетлин Кригер ќе стане нов спортски директор на бундеслигашкиот клуб Хамбургер , наследувајќи го Стефан Кунц. Клубот од Северна Германија го објави ова во вторник. Хамбургер не ја откри

„Златната купола“ на Трамп ќе чини 1,2 билиони долари, тој најави дека ќе биде далеку поевтина

Планот на претседателот Доналд Трамп за поставување оружје во вселената, програмата за ракетна одбрана позната како „Златната купола на Америка“, ќе чини околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, според
Go toTop