Од утре тим специјалисти ќе ја утврдува состојбата на секој пациент од пожарот во Кочани

May 19, 2025
2 mins read

Од утре тим специјалисти од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хиругија, КАРИЛ, ГОБ „8 Септември”, болницата „Св. Наум Охридски“ и Клиниката за токсикологија ќе врши прегледи и евалуација во Општата болница – Кочани на сите пациенти вратени од странство и третирани во земјава по трагедијата со пожарот. Целта е, како што рече денеска заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, да се утврди состојбата на секој пациент одделно и потребата од натамошна рехабилитација, нега и помагала.

Андовски на прес-конференција потенцира дека откако се случи немилиот настан на 16 март, тимот на Клиниката за пластична хиругија е целосно инволвиран во лекувањето и помагањето на пациентите. Тоа го потврди и директорката на Клиниката Јасмина Ѓорѓиевска Павловска.

Во земјава се лекуваат седум пациенти, а во странство се уште 11. Вкупно 18 се со се уште незаздравени изгореници на кои им се потребни хируршки третмани. Тројца од пациентите во земјава се хоспитализирани на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хиругија, двајца во „Систина“ и двајца во Општата болница – Кочани. Уште 40 лица се на физикална терапија, а 30-на се на терапија со плазма збогатена со тромбоцити.

Надлежните тврдат дека ако има потреба во Општата болница – Кочани, каде 10 здравствени работници се веќе специјално обучени за физикална и психолошка рехабилитација на пациентите, префрлени ќе бидат и останатите 35 кои ја поминаа ваквата обука од тимот експерти од Велика Британија. Исто така, има и други центри подготвени да одговорат на потребите на пациентите во кочанската болница. Министерството е во секојдневна комуникација со директорката на болницата и ако таа побара помош, веднаш ќе се реагира.

-Сите пациенти имаат телефонски броеви од нашите тимови, од сите наши лекари и може да ги бараат во секое време кога имаат потреба. На нашата Клиника се моментно хоспитализирани тројца пациенти кои се уште имаат отворени рани. Кај некои можеби ќе биде потребно да се изврши и транспланатација на кожа. Тие пациенти беа во многу тешка состојба, сите беа испратени со прашалници дали ќе останат живи. Благодарни сме на сите земји кои ги прифатија и лекуваа, но поради екстензивноста на повредите, особено на овие пациенти со потешки повреди кои се враќаат меѓу последните и кои имаат многу длабоки изгоренци и рани, ќе треба подолг третман и рехабилитациски период, информира Ѓорѓиевска Павловска.

Директорот на ФЗО Сашо Клековски потсети дека во трагедијата имаше околу 200 повредени од кои 115 беа испретни на лекување во странство.

-Покрај евалуацијата што ќе ја преземе Министерството за здравство, ќе го поканиме тимот од Израел кој беше тука на почетокот на трагедијата, да даде мислење за натамошна грижа на пациентите. Пртоколот предвидува сите повредени кои се во странство, да се вратат во болницата од која се испратени на лекување, нагласи Клековски.

Според протоколот, кога се враќаат од лекувањето надвор, пациентите во земјава ги прегледува тим од пластичен хирург, психијатар, пулмолог и токсиколог по што се пренасочуваат на натамошен третман.

Андовски претходно на брифинг со новинарите информира дека сите 11 пациенти кои се лекуваат во странство се во стабилна состојба. Од нив во Грција се тројца (во Атина двајца и еден во Солун), во Турција се двајца, во Србија се четворица, а во Австрија и Словенија се по еден пациент.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Папата Лав Четиринаесетти се сретна со потпретседателот на САД

Следно

Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Дуковска за уставен судија – Судски совет неправилно гласал

Latest from Blog

Снегот пристигна на Балканот- завеа во Романија, температурата драстично падна

Температурата, иако е сè уште август, драстично се намалила, со температури до -2 степени Целзиусови. Од кратки ракави, граѓаните морале да скокнат во зимски јакни, а на надморска височина од 2.000 метри,

Официјално: Лукас Васкез во дресот на Баер (Л)

фото: Bayer 04 Leverkuzen (X) Долгогодишниот дефанзивец и првотимец на Реал Мадрид, Лукас Васкез, од денеска и официјално е ново засилување за германски Баер Леверкузен. Германскиот клуб го објави потпишувањето на 34-годишниот

Меџити го повикува Обвинителството: Османи да одговори за трошоците на Самитот на ОБСЕ

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, истакна дека Обвинителството има законска обврска да покрене случај по наодите на Државниот завод за ревизија за организацијата

Стефковски: Гази Баба во изминатите 4 години бележи историски најголем развој

Актуелниот градоначалник на скопската општина Гази Баба, Бобан Стефковски, од своите сограѓани ќе ја побара довербата за уште еден мандат, како кандидат на владејачката партија. Во интервју за КУРИР со него разговараме

Се огласи Вуди Ален по критиките дека ќе учествува на филмски фестивал во Москва: Путин греши

Американскиот режисер Вуди Ален ги отфрли обвинувањата дека неговото учество на Московската меѓународна филмска недела е обид да се оправда одговорноста на Русија за војната во Украина, инсистирајќи дека уметничкиот дијалог не
Go toTop