Израелската армија уништи медицински материјали во напад на болница во јужна Газа

May 19, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелската армија утринава изврши напад врз складиште со медицински течности и материјали во медицинскиот комплекс Насер во Хан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, како дел од продолжените напади што траат од октомври 2023 година, јавува Анадолу.

Министерството за здравство на Газа објави слики на социјалните мрежи на кои се гледаат последиците од нападот на израелската армија врз складиштето со медицински материјали во комплексот.

Овој напад следуваше по еден ден од објавата на израелската армија дека започнува копнена офанзива во неколку области низ Газа во рамки на операцијата наречена „Гидеонови кочии“, што претставува опасна ескалација на веќе разгорениот конфликт против палестинската енклава.

Минатата недела, израелската армија го нападна медицинскиот комплекс Насер, најголемата болница во Газа, при што се убиени и повредени неколку Палестинци кои се лекуваа внатре, според соопштението на локалните власти во Газа.

Во текот на офанзивата врз Газа, израелската армија систематски ги нишанеше болниците и здравствениот систем, со што ги доведе до нефункционалност повеќето здравствени установи, загрозувајќи илјадници пациенти и повредени лица, според извештаите од палестински извори и ОН.

Израелската армија спроведува брутална офанзива против Газа од октомври 2023 година, при што се убиени повеќе од 53.300 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.

Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење минатиот ноември за Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради својата војна во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Клековски: Би прифатил да бидам министер ако ми понудат, но со соодветна замена во Фондот за здравство

Следно

Белингем: За Реал е важно да го освои Светското клупско првенство

Latest from Blog

Швајцарија славеше по пенал – серијата и си закажа дуел со Аргентина! Познати се сите двојки во 1/4 финалето!

ФОТО:.facebook.com/Swiss.Nati.Men/ Швајцарија е последниот патник во четвртфиналето. Откако по истекот на регуларниот дел и по двете продолженија 2Х15 минути беше 0:0 против Колумбија, победникот беше решен по изведување на пеналите. И тоа

Тошковски – Рита Колумбија: Заедничка посветеност за поефикасна превенција и заштита од родово базирано насилство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски остварил средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Македонија, Рита Колумбија, на која се разговарало за унапредување на соработката во областа на превенцијата и справувањето

„Турнирот е наместен! И честитам на Аргентина на титулата на ова СП!“(ФОТО)

ФОТО:x.com/Footballtweet Сите во таборот на селекцијата на Египет по поразот од Аргентина беа гневни, особено Мустафа Зико кој не го криеше своето негодување по елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство. Поголемиот дел

Милиони луѓе присуствуваа на погребната поворка на Али Хамнеи

Погребната поворка започна од џамијата Џамкаран и продолжи по авенијата на Пророкот Мухамед, на растојание од околу седум километри, до светилиштето на Хазрат Фатима Масуме. Од раните утрински часови, областа околу светилиштето
Go toTop