Тазе сменетите министри за влакно ја избегнаа одлуката на Уставниот суд со која се укинува апанажата за разрешените функционери

March 1, 2023
1 min read

Во изјава за „360 степени“ од Уставниот суд велат дека одлуката нема да се спроведува ретроактивно. Тоа значи дека министрите и заменик-министрите кои со реконструкцијата на Владата беа разрешени или си поднесоа оставки од функциите би биле изземени од оваа одлука, односно би имале право на апанажа

Уставниот суд на денешната седница ја укина законската одредба според која функционерите што биле разрешени или си поднеле оставка пред истекот на нивниот мандат можат да земаат апанажа, односно паричен надомест што би го добивале и по нивното заминување од функцијата.

Одлуката на Уставниот суд е конечна, а во сила ќе стапи откако ќе биде објавена во „Службен весник“.

Во изјава за „360 степени“ од Уставниот суд велат дека одлуката нема да се спроведува ретроактивно.

„Одлуката не е ретроактивна, затоа што е укинувачка. Ретроактивна би била кога одлуката би била поништувачка“,

велат од Уставниот суд за „360 степени“.

Тоа значи дека министрите и заменик-министрите кои со реконструкцијата на Владата беа разрешени или си поднесоа оставки од функциите би биле изземени од оваа одлука, односно би имале право на апанажа.

Членот 22 од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани функционери, кој Уставниот суд го укина, предвидува:

„Пратеник, функционер и раководен работник кој поднел оставка или е разрешен од должноста пред истекот на времето за кое е избран може да остварува плата по престанувањето на функцијата за време
до една година, и тоа:
три месеци, ако функцијата ја вршел до шест месеци;
шест месеци, ако функцијата ја вршел од шест месеци и еден ден 12 месеци;
девет месеци ако функцијата ја вршел од 12 месеци и еден ден до 24 месеци и
12 месеци, ако функцијата ја вршел 24 месеци и еден ден и повеќе“,

се наведува во членот 22 од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани функционери.

Во образложението за укинување на овој член се наведува дека за Судот тој нема уставна оправданост зашто, како што се вели, оставката и добивањето на паричен надоместок во вакви случаи се меѓусебно неспоиви.

„Судот го зема предвид фактот дека до оставка или до разрешување доаѓа поради некаков вид одговорност поврзана со вршењето на доверената функција. Одредбата е спротивна на владеењето на правото кое е една од темелните вредности на нашиот Устав и затоа е донесена укинувачка одлука“,

се додава во образложението на Уставниот суд.

Иницијативата за укинување на оваа законска определба беше поднесена на почетокот на 2022 година, од страна на Глигорие Ќатоски, адвокат од Струга. Освен овој, Ќатоски оспори уште шест члена од истиот Закон, но Уставниот суд оцени дека само членот 22 е спротивен на Уставот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Инфлацијата не ѝ може ништо на Швајцарија

Следно

Финскиот Парламент го одобри влезот во НАТО

Latest from Blog

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата

Над 50 милиони денари промет и 273 трансакции на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 19.10.2026–22.10.2026, вкупниот промет изнесуваше 50.457.001,68 денари: 50.243.696 денари со акции и 213.305,68 денари со обврзници на

Милошоски: 23 Октомври е потсетник на жртвата и борбата за самостојна Македонија

Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Македонија самата по себе е идеал. Внатрешната македонска револуционерна организација била и ќе биде историскиот
Go toTop