Панатинаикос го доведе првото засилување за наредната сезона

May 19, 2025
1 min read

Кошаркарскиот клуб Панатинаикос го обезбеди првото засилување за следната сезона. Тоа ќе биде Василис Толиопулос (28), репрезентативец на Грција, кој пристигнува од Арис, Солун.

Толиопулос го одигра последниот меч за Арис во дуелот со Маруси и се истакна со 35 поени, шест асистенции и пет скока.

„Тоа беше мое збогување. Среќен сум и горд на постигнатото овие години, се чувствувам исполнето. Никогаш не очекував да доживеам вакво нешто. Ви благодарам и ве сакам“, изјави Толиопулос.

Според грчките медиуми тој ќе потпише тригодишен договор со Панатинаикос.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гаши ќе ги извести Уставен и Судски совет за поништувањето на изборот на судијката Дуковска

Следно

Почна садењето на тутунот во Прилепско, се очекува зголемено производство за 15 проценти

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop