Ердоган: „Ќе ги отстраниме урнатините, ќе ги залечиме раните, ќе изградиме нова иднина за нашиот народ“

March 1, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес вети дека ќе ги излечи раните на погодените од силните земјотреси кои го потресоа јужниот регион на Туркије минатиот месец, одземајќи повеќе од 45.000 животи, јавува Анадолу.

„Се надеваме дека ќе ги избришеме трагите од земјотресот од 6 февруари што е можно поскоро“, рече Ердоган на состанокот на пратеничката група на Партијата за правда и развој (АК Парти) во Парламентот.

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени, со епицентар во Кахраманмараш, погодија уште 10 други области – Хатај, Газиантеп, Адијаман, Малатија, Адана, Дијарбакир, Килис, Османије, Шанлиурфа и Елазиг. Од разорните земјотреси во Туркије погодени се околу 13,5 милиони луѓе.

„Сите научници го нарекоа процесот необичен“, рече Ердоган, и додаде дека: „Туркије е зафатена од земјотресна бура“.

„Ќе ги отстраниме урнатините, ќе ги залечиме раните, ќе ги замениме урнатите куќи со добро изградени, ќе ги освоиме срцата, ќе изградиме нова иднина и нов живот за нашиот народ“, вети тој.

Истакна и дека на правна, административна и политичка одговорност треба да бидат повикани сите кои се одговорни за недостатоците во градбата на урнатите згради.

Ердоган најави и формирање на фонд за брза обнова и изградба на градовите по земјотресот.

Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Туркије на 6 февруари се искачи на 45.089, соопшти рано утрово турската Агенција за управување со катастрофи, АФАД.

Во врска со претстојните претседателски и парламентарни избори во Туркије, Ердоган сигнализираше дека изборите ќе бидат одржани на 14 мај, како што беше договорено претходно.

„Знајте добро дека оваа нација на 14 мај ќе го направи она што е неопходно“, им рече Ердоган на пратениците.

По разорните земјотреси имаше гласини дека изборите би можеле да се одложат за подоцна во текот на годината или да се одржат според планираното на 18 јуни.

Ердоган претходно рече дека 14 мај е најпогодниот датум за одржување на изборите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорче Петров почна со реконструкција на детските катчиња

Следно

Со пронајдена лична карта двајца скопјани сакале да подигнат кредит

Latest from Blog

Нови напади врз бродови, додека разговорите за крај на војната САД – Иран наидоа на нов ќорсокак

Нападите, на виталните точки за глобалните резерви на нафта – продолжуваат и покрај постојаните тврдења од американскиот претседател Доналд Трамп дека договорот е неизбежен. Цените на нафтата пораснаа, поради обновениот песимизам за

Вечер за паметење во Битола: Музика, танц и емоции за 35 години независност на Македонија

Силно светнал ден во Битола, нека ни е вечна Македонија, едногласна беше пораката на многубројната публика која синоќа беше дел од програмата за прославата на независноста на Македонија. Спектакуларно и претесно беше

И Фенер, Цеље, Бодо… во плеј – офот во ЛШ! Растодер со Панатинаикос во плеј – офот во ЛК

ФОТО:facebook.com/Fenerbahce Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот на плажите

Уредувањето и користењето на охридските плажи на Општина Охрид и на ЈП „Охридски комуналец“ им носи вкупен годишен приход од приближно 700.000 евра, средства кои, според локалната самоуправа, одиграле клучна улога во
Go toTop