Над 15.000 матуранти ќе полагаат државна матура на 31 мај и 11 јуни

May 17, 2025
1 min read

Вкупно 15.004 ученици се пријавиле за полагање на двата екстерни испита од државната матура што ќе се одржат на 31 мај и 11 јуни. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), 8816 матуранти се од средните стручни училишта, 5966 од гимназиите, а 222 ученици се од уметничките училишта.

=Подготовките за организирање на државната матурата течат согласно предвидената динамика. Се прават последните подготовки за реализација на испитите, изјави за МИА Даниела Јовчевска-Михајловска, директорка на Државниот испитен центар (ДИЦ), две недели пред полагањето на првиот екстерен испит – мајчин јазик и литература, кој е задолжителен за сите ученици. 

Првиот екстерен испит – мајчин јазик и литература – е закажан за 31 мај и е задолжителен за сите ученици. Пријавени се:

9969 ученици за македонски јазик

4339 за албански јазик

292 за турски јазик

10 ученици за српски јазик

Вториот екстерен испит, кој е изборен, ќе се одржи на 11 јуни. Како и претходните години, англискиот јазик е најчест избор, со пријавени 13.457 ученици. За останатите предмети:

Математика – 1246 ученици

Германски јазик – 73

Француски јазик – 24

Естетика – 62

Филозофија – 7

Руски јазик – 4

Италијански јазик – 3

ДИЦ ќе ангажира околу 2000 тестатори за надгледување на испитите.

Испитни локации и техничка подготовка

Матурантите ќе полагаат во своите училишта доколку тие ги исполнуваат просторните услови, согласно правилникот – што подразбира метар и половина растојание помеѓу кандидатите. За училиштата кои не ги исполнуваат условите, испитите ќе се одржат на факултети, врз основа на барања доставени од страна на училишните матурски одбори.

„За разлика од претходните години, кога училиштата сами носеа клупи и столчиња во спортски сали, годинава сè ќе биде подготвено на локациите на факултетите“, вели Јовчевска-Михајловска.

На веб-страницата на ДИЦ наскоро ќе биде објавен распоредот со конкретните локации за полагање по училишта.

Без блокатори, но со достапни тестови за подготовка

Предлогот за поставување блокатори за мобилни телефони не се реализира и оваа година, но, според ДИЦ, опцијата останува отворена за во иднина. За подготовка на матурантите, на веб-страницата на ДИЦ се достапни тестови од претходните години со точни одговори.

Покрај двата екстерни, државната матура опфаќа и два интерни испита и проектна задача.

Августовска сесија и просечна оценка

Учениците кои нема да ја положат матурата во јунската сесија ќе имаат шанса да полагаат повторно во август:

12 август – испит по мајчин јазик и литература

14 август – изборен екстерен предмет

Во учебната 2023/2024 година, средната оценка од државната матура беше 3,25, додека претходните години изгледаше вака:

2023: 3,65

2022: 3,78

2021: 3,61

Државната матура во Македонија се спроведува од 2007 година, секоја година во јуни и август, со исклучок на 2020 година, кога беше откажана поради ковид-пандемијата.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лажниот мед и климатските промени најголеми закани за македонското пчеларство

Следно

„Ние нема да молчиме“ порачаа седум европски земји за израелските напади врз Газа

Latest from Blog

Меган Маркл и принцот Хари најавија нов проект во соработка со Нетфликс (ВИДЕО)

Војводата и војвотката од Сасекс ќе го продуцираат филмот за стриминг услугата преку нивната компанија Archewell Productions. Како што објави Deadline, 44-годишната Меган и 41-годишниот принц Хари соработуваат на проектот со продуцентката

Араухо ја „преброди“ психолошката криза

Фото: ФЦ Барселона X Роналд Араухо се опорави и се враќа на тренинзите на Барселона. Каталонските медиуми денес потврдија дека Уругваецот успеал да се опорави од психолошките проблеми и се очекува да

Трипуновски: Заклучно со вчерашниот ден досега се откупени околу 15 милиони килограми тутун

„Откупот на тутунот и оваа година се спроведува мирно“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на МРТ. „Како и минатата година,

Трипуновски: Заклучно со вчерашниот ден досега се откупени околу 15 милиони килограми тутун

„Откупот на тутунот и оваа година се спроведува мирно“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на МРТ. „Како и минатата година,
Go toTop