СДСМ: Контролираните судии од тефтерчињата на ДПМНЕ се срам за македонското правосудство

May 16, 2025
1 min read

Од СДСМ попладнево реагираа на прес конференцијата на пратеникот Бране Петрушевски.

„Бране Петрушевски, кој не знае ништо друго освен да држи прес-конференции и да глуми опозиција, треба да знае дека сите судии кои денес се дел од судскиот систем се од „тефтерчињата“ на неговите партиски поранешни функционери.

Петрушевски треба исто така, да ѝ каже на јавноста дека токму ВМРО-ДПМНЕ, а не СДСМ, донесе закон со кој се намалија казните. Добро познатиот Михајло Маневски го донесе тој закон. Затоа ВМРО-ДПМНЕ треба да молчи и да не глуми загрижена опозициска партија.

За речиси цела година, колку што се на власт, од реформи во судството досега успеаја само да изберат сопруга на нивен градоначалник во Судскиот совет и баџанак на нивниот партнер Изет Меџити за судија. Тоа се реформите на ВМРО-ДПМНЕ во судството.

Цела година Бране Петрушевски и ВМРО-ДПМНЕ не направија ниту една реформа и нема донесено ниеден реформски закон. Цела година Петрушевски само држи партиски прес-конференции, се заканува од говорница, а неговата Влада нема реализирано ништо по ова прашање. 

СДСМ и Филипче се први кои побара реформи во судството и први понудија поддршка за носење реформски закони за европско судство. Очигледно, само Бране Петрушевски и ВМРО-ДПМНЕ немаат интерес за промени, бидејќи им одговара темата за да држат партиски прес-конференции.

За крај, Бране Петрушевски треба да одговори: како тоа прво не им одговараше јавниот обвинител и обвинуваа дека бил човек на СДСМ, а сега одеднаш им одговара? Како тоа Мицкоски беседеше и се закануваше дека ќе ги распушти сите судски институции, а потоа се повлече? 

Затоа, Бране нека одговори конкретно на овие важни прашања и нека сфати дека се на власт и дека пред себе имаат јасна агенда за реформи – која не ја спроведуваат“, велат од СДСМ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стратешкото партнерство со Обединетото кралство, е историски ден според Мицкоски

Следно

Зеленски: „Притисокот врз Русија мора да продолжи сè додека не биде подготвена да ја заврши војната“

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop