Ѕвездата на Реал жестоко реагираше на шпекулациите за заминување

May 15, 2025
1 min read

Бразилецот Родриго Силва де Гоес, офанзивец на Реал Мадрид, јасно ги демантираше тврдењата за негово заминување од шпанскиот гигант.

Како што сезоната се ближи кон крајот, во Мадрид веќе интензивно се зборува за реконструкција на тимот и промени на тренерската позиција. Се очекува нов стратег на клупата, а дел од ротацијата би можел да донесе и промени во играчкиот кадар.

Еден од играчите за кои, наводно, интерес покажува Арсенал е токму Родриго. Според шпанските и англиските медиуми, Бразилецот наводно не е задоволен од својот статус во тимот.

Сепак, самиот фудбалер брзо се огласи на социјалните мрежи и стави крај на сите шпекулации.

„Фала за сите пораки и грижата. Брзо се враќам. Престанете да измислувате“, порача Родриго, директно негирајќи ги тврдењата за можно заминување од „Сантијаго Бернабеу“.

Бразилецот оваа сезона одигра 50 натпревари во сите натпреварувања, постигна 13 голови и забележа 10 асистенции, што го прави значаен дел од тимот, особено во дуелите со висок интензитет како што се тие во Лигата на шампионите и Ел Класико.

И покрај тоа што Реал Мадрид оваа сезона не освои голем трофеј, Родриго останува посветен на дресот на „Лос Бланкос“, а неговите зборови потврдуваат дека е подготвен за предизвиците што следат во новото поглавје на клупската ера.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп вели дека САД треба да ја „земат“ Газа и да ја претворат во „зона на слободата“

Следно

Турскиот министер Фидан: Турција ќе продолжи да игра клучна улога во европската безбедност

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на
Go toTop