Шпанија го ограничува пристапот до аеродромот во Мадрид за да спречи собирање на бездомници

May 15, 2025
1 min read

Шпанските аеродромски власти ќе го ограничат пристапот до аеродромот во Мадрид во одредени делови од денот како превентивна мерка за да се спречат бездомниците да спијат на неговите терминали.

Само патници со авионски билети, вработени на аеродромот и оние што придружуваат некого со билет ќе имаат дозвола да влезат на аеродромот, соопшти Шпанската аеродромска управа.

Управата наведува дека ограничувањата ќе бидат спроведени во следните неколку дена, но не прецизираше точно кога или во кое време. Со месеци, на аеродромот во Мадрид на некои терминали се собираат бездомници. Локалните медиуми објавија дека станува збор за стотици бездомници.

„Аеродромите не се места наменети за живеење, туку се инфраструктури исклучиво за транзит, кои во никој случај не нудат соодветни услови за ноќевање“, се наведува во соопштението на Шпанската аеродромска управа.

Управата оваа недела соопшти дека побарала помош од градските власти на Мадрид за решавање на проблемот пред неколку месеци, но дека досега не добила доволно помош.

Префрлањето на вината меѓу властите на различни нивоа го остави нерешен проблемот пред почетокот на летната туристичка сезона. Во 2024 година, Шпанија прими рекордни 94 милиони странски туристи.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Захарова: Руската делегација пристигна во Истанбул, подготвена за сериозни разговори

Следно

Агенцијата за филм со бројни промотивни активности за македонската кинематографија на Канскиот фестивал

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop