Илија Абутовиќ го продолжи договорот на уште една сезона со Е.Пелистер!

May 15, 2025
1 min read

РК Е.Пелистер,постигна договор со Илија Абутовиќ за продолжување на соработката за уште една година. Тоа значи дека интернационалецот од Србија и во следната сезона 2025/26 ќе го носи дресот на битолчани.

„ Продолжува нашата тенденција шампионите да продолжат да го носат нашиот дрес и во иднина. Ни претставува особено задоволство што постигнавме договор за продопжување на соработката со Илија Абутовиќ. Српскиот интернационалец и во сезоната 2025/26 ќе настапува за Еурофарм Пелистер и со своето искуство и квалитет ќе биде еден од лидерите на нашиот млад тим. Неговата сезона, неговите настапи и победничкиот ген уште еднаш ни потврдуваат дека направивме вистински потег што го доведовме минатото лето.

Илија Абутовиќ дебитираше за Спартак Суботица во 2006 година, а потоа ги носеше дресовите на Партизан и словенечки Слован од Љубљана. Во 2011 година потпиша за Вардар и остана седум години. Потоа го чекаше предизвикот Бундеслига и четири години го носеше дресот на Рајн Некар Левен. Последните две сезони пред да дојде во Битола ги мина настапувајќи за Шартр.

Абутовиќ има европска клупска титула, пет освоени првенства на Македонија, титули од српските шампионати и Куп, како и четири изданија на СЕХА лигатавелат од Пелистер.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Атанасоски во 24 анализа: Без разлика кој е на власт кај нас за жал никогаш не се прифаќа предлог-закон од опозиција

Следно

Руската делегација пристигна во Истанбул за преговорите со Украина

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на
Go toTop