Генералниот секретар на ОН ги повика земјите членки да ја зголемат поддршката за мировните операции

May 13, 2025
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ги повика земјите членки денес да ја засилат поддршката за меѓународните мировни операции нагласувајќи дека сериозниот недостаток на финансии ги загрозува овие клучни мисии, јавува Анадолу.

„Мировните операции можат да успеат само ако имаат цврсти мандати и јасна, предвидлива и континуирана финансиска и логистичка поддршка“, изјави Гутереш на меѓународна средба во Берлин.

„За жал, мировните операции се соочуваат со сериозни проблеми со ликвидноста. Апсолутно е неопходно сите земји членки да ги почитуваат своите финансиски обврски и да ги плаќаат своите придонеси целосно и навремено“, додаде тој.

Гутереш исто така подвлече дека успешноста на мировните операции зависи од политички решенија и повика на зголемена поддршка за такви решенија во рамките на мисиите на ОН.

„Остварувањето на овие политички решенија бара соодветни средства за спроведување на операциите – вклучително и обединета политичка поддршка од земјите членки, силно лидерство, добро обучени трупи, соодветна опрема и технологија“, рече тој.

„Овие елементи можат да ги зајакнат нашите операции и вистински да направат разлика во животите на луѓето. Потребна е поддршка од сите земји членки за да се осигури безбедноста на мировниците на ОН на терен“, додаде Гутереш.

Германија е домаќин на дводневна конференција на министри за мировните операции на ОН, што започна денес и ги собра министрите за одбрана и надворешни работи, како и високите претставници од над 120 земји.

Целта на конференцијата е обликување на иднината на мировните операции на ОН и осигурување на политичките, финансиски и воени обврски од земјите членки.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лажно се претставувал како вработен во Агенцијата за одземен имот и измамил граѓани за над 115.000 евра

Следно

Анчелоти: Го напуштам Реал за две недели, ми беше преубаво во Мадрид

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop