ММА спектакл во Скопје

May 13, 2025
1 min read

Министерството за спорт ќе биде главен покровител на силниот Меѓународен турнир најавен како големиот спектакл во ММА борби што ќе го организира Македонската ММА федерација на 6 септември годинава во Скопје.

На денешната прес-конференција во Министерството за спорт беше истакнато дека еден ваков настан ќе значи голема промоција на боречките спортови збогатување на спортската понуда. На ММА турнирот во Скопје најавено е учество на неколку истакнати имиња во вој спорт меѓу кои и познатиот македонски борец Горјан Гого Славески кој настапува во САД, како и на најдобрите македонски натпреварувачи – Даниела Алексовска, Марко Трајановски, Дино Сарчевиќ.

-Како Министерство за спорт одлучивме да го поддржиме овој настан кој ќе овозможи во Македонија да дојдат борци кои се познати во овој спорт, но и како една ретка можност за публиката да ги види сите оние идоли или потенцијални идоли кои ќе бидат присутни и ќе се борат на овој ММА спектакл. Сигурен сум дека сѐ ќе помине во најдобар ред. Подготвени сме во иднина да одиме и чекор понатаму и можеби веќе на следниот ММА настан во Македонија да го видиме и Александар Волкановски. Ние како Министерство за спорт и како држава секогаш ќе стоиме на страната на спортот и на вистинските насоки во општеството. Без разлика што се работи за боречки вештини, секогаш ќе поддржуваме промоција на спортот, на чистиот и на вистинскиот спорт – истакна министерот Борко Ристовски.

Претседателот на Македонската ММА федерација, Ивица Алексовски, потенцирајќи дека ММА спортот во последените години е во голем подем во светот, најави дека претстојниот спектакл во Скопје ќе биде првенствено за промоција на најдобрите македонски натпреварувачи во овој спорт, но и можност за публиката да ужива во квалитетни борби.

-Многу ми е мило што Министерството за спорт ги виде успесите што ги имаме во последниве две години и го препозна квалитетот што го имаме, но и потенцијалот на овој спорт. Како федерација, сакаме да го подигнеме овој спорт на повисоко ниво и токму со таа цел на 6 септември ќе го организираме овој ММА спектакл кој ќе се пренесува во живо на Арена фајт каналот. Стартно најавуваме 12-13 борби и еден малку поинаков спектакл каков што немало во Македонија во последниве десетина години – рече Алексовски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кремљ соопшти дека Русија продолжува со подготовките за разговори во Истанбул

Следно

Директорот за комуникации на Турција, Алтун: Турција е решена трајно да го искорени тероризмот

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на

Димитриеска-Кочоска: ЦЕБ досега одобри 314 милиони евра за 10 проекти во Македонија

17 септември 2026 година, Скопје – Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) е долгогодишен и значаен партнер на земјава во реализацијата на проекти насочени кон подобрување на образованието, социјалната инфраструктура
Go toTop