Израел уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Газа

May 13, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелската армија рано утринава уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Кан Јунис, јужниот дел на Појас Газа, јавува Анадолу.

Канцеларијата за медиуми на Владата со седиште во Газа соопшти дека жали за убиството на новинарот Хасан Еслаих и рече дека Израел го убил додека бил на лекување во болницата „Насер“ откако преживеал претходен обид за атентат.

Во соопштението се додава дека со атентатот на Еслаих бројот на палестински новинари убиени од Израел од почетокот на геноцидот во Газа во октомври 2023 година досега се искачи на 215.

Во соопштението остро се осудува израелското „системско целење кон новинари“, повикувајќи ги Меѓународната федерација на новинари, Арапскиот сојуз на новинари и сите прес-организации низ светот да ги осудат израелските злосторства и да ги гонат пред меѓународните судови.

Палестинското Министерство за здравство го осуди бомбардирањето на Израел на болницата „Насер“ во Кан Јунис и убиството на две лица што примале медицинска помош.

Доцна синоќа израелската армија ги продолжи нападите врз Појасот Газа, по привременото затишје за да може палестинската група Хамас да го ослободи израелско-американскиот војник Едaн Александeр, по договорот меѓу Хамас и американската администрација.

Во бруталните израелски напади од октомври 2023 година досега во Газа се убиени речиси 52.900 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради својата војна во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од 1 јуни македонските компании ќе снабдуваат 1000 потрошувачи со струја на косовскиот пазар

Следно

Таткото на загинатата Фросина го нарече судот мафија

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop