15.000 Аргентински навивачи ќе го “пропуштат” Светското клупско првенство

May 13, 2025
1 min read

Властите во Буенос Аирес соопштија синоќа дека на дури 15.000 аргентински навивачи ќе им биде забрането да присуствуваат на Светското клупско првенство, кое ќе се одржи во САД од 14 јуни до 13 јули оваа година.

Аргентинската министерка за безбедност Патриша Булрич во понеделник ѝ предаде на американската Амбасада во Буенос Аирес список од 15.000 насилни фудбалски навивачи на кои ќе им биде забранет пристап до стадионите за време на претстојното Светско клупско првенство. Меѓу 32 екипи кои ќе учествуваат на првенството се и аргентинските ривали Бока Јуниорс и Ривер Плата.
-На списокот се наоѓаат повеќе од 15.000 луѓе на кои ќе им биде забранет влез на стадионите. Ова е исклучително важно за нас бидејќи ниедно насилно лице кое извршило какво било кривично дело на аргентинските стадиони нема да може да присуствува на овој спортски настан, изјави Булрич. Листата е составена преку програмата „Трибуна Сегура“, алатка што овозможува откривање на луѓе на кои им е забранет влез на стадионите во Аргентина.
-Од почетокот на оваа влада, Трибуна Сегура следеше повеќе од четири милиони луѓе на 1.328 натпревари. Идентификувавме 1.166 лица со налози за апсење и издадовме повеќе од 40 административни одлуки со кои се ограничува влезот на стадионите, аргентинската министерка.
Бока Јуниорс ќе игра во групата Ц заедно со Баерн Минхен, Оукленд Сити и Бенфика, додека Ривер е во групата Е со Урава Ред Дајмондс, Монтереј и милански Интер.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Австралискиот премиер Албаниз положи заклетва за втор мандат

Следно

Возачот Васил Јованов осуден на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп станува место каде што се среќаваат науката, бизнисот и практиката

Прилеп е домаќин на 14. меѓународна научна конференција „Економијата, бизнисот и општеството во дигитализирана средина“, во организација на Економскиот факултет – Прилеп. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека конференцијата претставува

Коњановски: Телефоните на страна за време на наставата во битолските училишта

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, предложи иницијатива за ограничување на користењето мобилни телефони во основните и средните училишта во општината, која беше усвоена од Советот на Општина Битола. Коњановски посочува дека

Општина Битола: Градот влегува во нова развојна ера со 180 проекти

Општина Битола објави преглед на реализацијата на 180 проекти наменети за развој и унапредување на градот. Според податоците прикажани во општинскиот инфографик, досега се завршени 62 проекти, што претставува 34 проценти од
Go toTop