Сезона 2024/2025 со Ел Класико епилог како никогаш во 123 години историја

May 12, 2025
1 min read

Ривалството датира од 13 мај 1902-ра, кога биле удрени темелите на едно од најјаките дерби натпревари на планетата. Оваа сезона ќе биде запишана со златни букви во архивите на Барселона.

Никој никогаш претходно во Ел Класико битките не успеал да добие 4 од 4 во една сезона.

Каталонците тоа го направија убедливо со гол разлика 16:7 и тоа во три натпреварувања: Ла Лига, Куп и Супер Куп на Шпанија.

Веројатно неочекувано за никого, ако се знае дека неприкосновениот Реал Мадрид кој лани освои 4 трофеи, за оваа сезона се засили со Килијан Мбапе, напаѓач број 1 моментално на планетава.

18 – Barcelona and Real Madrid have not drawn in their last 18 Clásicos in all competitions (eight wins for Barcelona and 10 for Real Madrid); the longest unmatched run in the history of #ElClasico. Show.

#FCBarcelonaRealMadrid
#BarcelonaRealMadrid

[image or embed]

— OptaJose (@optajose.optajoe.com) May 11, 2025 at 6:34 PM

Со овие четири победи на Барселона по ред, остварени за само околу 6 месеци, сега меѓусебниот дуел помеѓу вечните ривали на сите натпреварувања се намали од 105:100 на 105:104 во корист на Реал Мадрид.

Инаку ова е нивната најдолга серија во историјата од 18 меча без реми.

26 октомври 2024, Ла Лига, 11 коло: Реал Мадрид – Барселона 0:4

13 јануари 2025, Супер Куп на Шпанија, финале: Реал Мадрид – Барселона 2:5

27 април 2025, Копа дел Реј, финале: Барселона – Реал Мадрид 3:2

11 мај 2025, Ла Лига, 35 коло: Барселона – Реал Мадрид 4:3

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Израелскиот министер Коен: Планот за протерување на Палестинците од Газа „сè уште е на маса“

Следно

Како Турција стана доверлив глобален посредник за мир во конфликтните зони

Latest from Blog

Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 10 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.
Go toTop