Агенцијата за пошти со информативен караван во Прилеп, граѓаните не ги знаат доволно своите права

May 12, 2025
1 min read

Граѓаните не се доволно информирани за своите права како корисници на поштенски услуги. Агенцијата за пошти им стои на располагање, беше речено на денешниот Информативен караван кој Агенцијата го одржа на Економскиот факултет во Прилеп со граѓани, студенти и претставници од бизнис секторот, а е во соработка со народниот правобранител.

Македонија има 29 даватели на поштенски услуги, од кои 28 се приватни и една е – Македонски пошти како национален оператор. Последниве две години ситуацијата се подобрува, конкуренцијата си го направи своето. Тоа се одрази и во македонски пошти каде се зголемува бројот на поштари и посериозно ги сфатија состојбите.

-Целта е да бидеме поблиску до граѓаните, односно до корисниците на поштенски услуги. Сакавме да информираме за нивните права и обврски, а секако да апелираме и да се користат поштенски услуги од лиценцирани даватели. Досега забележавме дека граѓаните не се доволно информирани за нивните права и ова е еден од начините да ги информираме. Граѓаните не се многу информирани кога и на кој начин да поднесат рекламација кај давателите на поштенски услуги,а потоа да се обратат во Агенцијата за пошти, рече Ана Ковачевска, раководител на Секторот за заштита на правата на корисниците и за односи со јавност во Агенцијата за пошти.

Според состојбите и споредено со другите земји, Македонија е земја со пониски цени на пратки и поштенски услуги. Агенцијата со инспектори контролира и ги открива дивите даватели на услуги.

-Сите даватели на услуги треба да го подобрат квалитетот на услугите, поголем број на вработени, побрза динамика на достава. На веб-страницата на Агенцијата точно е наведено кои се лиценцирани пошти во земјава. Во оваа и претходната година 4 до 5 пошти се затворени кои не ги задоволувале потребите за даватели на поштенски услуги. За дивите пошти ние имаме инспектори сме на терен бараме, меѓутоа тие што се диви не се обележани. Имаме неколку откриени, имаме инспектори, со тек на време ги пронаоѓаме, рече директорот на Агенцијата за пошти, Сретен Миладиноски.

До канцеларијата на народниот правобранител досега немало поднесено претставки.

До народниот правобранител до денес не е поднесена ниту една преставка за повреда на правата на граѓаните од даватели на поштенски услуги. Единствено има случаи кога граѓаните се жалат дека некое друго право им се повредува со неуредна достава на списи, рече Лилјана Илиевска, заменик народен правобранител од Подрачната канцеларија во Битола.

Обемот на пратки лани за 5 проценти се намалил во споредба со 2023 година иако во 2023 година имало консолидација и зголемување за 6 проценти во споредба со 2022 година.

Информативниот караван на Агенцијата за пошти денеска беше во Прилеп, а утре во Кавадарци. Минатата година се спроведе во седум градови, а се очекува да продолжи наесен.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер Фидан: Турција ќе ги следи потезите по одлуката на терористичката ПКК за самораспуштање

Следно

Македонија чита! Рекордна посетеност на Саемот на книга во Скопје, остануваат уште два дена

Latest from Blog

Колку лица годинава заработиле кривични пријави поради предизвикување на пожари?!

Во текот на актуелната 2026 година, од страна на Министерството за внатрешни работи се поднесени 8 кривични пријави за сторени 8 кривични дела „предизвикување општа опасност“ против 10 сторители, велат од МВР,

Проданоски: Младите се чувари на македонската музичка традиција

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, присуствуваше на концертот „Како дишам јас“, на кој Сергеј Настески заедно со своите колеги приреди музичка вечер исполнета со автентичниот звук на македонската народна традиција. Во

Само еден фудбалер се вратил во Бразил со репрезентативниот авион!

Репрезентацијата на Бразил шокирачки е елиминирана од тековниот Мундијал во осминафиналето каде што беше целосно надиграна од Норвешка. Селекторот Анчелоти не успеа да го издигне Бразил на нивото на кое што посакуваше

НАСКОРО КРАЈ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, најави Трамп од Анкара

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Русија и Украина ќе постигнат договор за прекин на војната, наведувајќи дека тој договор „веќе долго време се разработува“, како и дека украинскиот претседател Володимир

Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Либерално-демократската партија информира дека претседателката на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, е избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание (ПС) на ОБСЕ. На 33-тата годишна сесија на ПС на ОБСЕ
Go toTop