(Галерија) „Гуш и бац е љубов“ низ фотографии наместо илјада зборови

May 12, 2025
1 min read

Денеска во Градски парк на Школка се одржа настанот „Гуш и бац е љубов“ за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој како и нивно прифаќање, почитување и инклузија во општеството, во организација на Аутизам ААМК, што е шести по ред инклузивен настан од ваков вид од 2018 година.

Како и претходните така и овојпат, како што најавија организаторите „Гуш и бац е љубов“ се претвори во голема игротека со многу разновидни игри, работилници, едукативно, музичко, ликовно катче и многу други бројни интересни активности.

Настанот имаше огромна посетеност што беше доказ, како и секогаш, дека на овие дружби, децата со атипичен развој сакаат да играат, да се смеат, сакаат да покажат дека и тие знаат, умеат, можат да пеат и танцуваат. Сакаат да бидат поканети на родендени, но и другите деца да доаѓаат на нивните. Но најважното од се` – сакаат да другаруваат, да бидат заедно со другите деца. Сакаат да растат заедно.

„Гуш и бац е љубов“ уште еднаш ја оствари целта и преку игра им покажеме на семејствата со деца со типичен развој дека треба да ги надминат своите стравови кои се резултат само на страв од непознатото, да дојдат на Школка, да се запознаат со атипичните лица и со нивните семејства, да дознаат за самата состојба или болест, да се обидат да најдат начин на кој би им помогнале. 

Фотографиите од „Гуш и бац е љубов“ се на Небојша Гелевски.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне пороен дожд и грмежи

Следно

Панел дискусија „Кој е авторот во ера на вештачка интелигенција?“

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на
Go toTop