Мицкоски за Таравари: Тој се враќа назад во прегратката на сите оние кои ја пустошеа, криминализираа и ограбуваа Македонија

May 11, 2025
1 min read

Денеска во изјава за медиуми премиерот Христијан Мицкоски рече дека му посакува сѐ најдобро на Арбен Таравари и дека ќе го покани на кафе во Владата.

На новинарско прашање по посетата на градинка во скопската општина Гази Баба, за преговорите на Таравари со Али Ахмети во врска со претстојните локални избори, Мицкоски рече:

„Јас забележав и мислам дека Таравари и неколкумина околу него се одлучени да се вратат во прегратките на Али Ахмети и ДУИ. Јас можам само да му посакам среќа и се надевам дека ќе имаме една завршна средба следната недела во која ќе сумираме што е тоа што е направено и да му посакам пред сѐ добро здравје. Тоа е она кое што ни е најважно на сите нас. Морам да кажам дека најмалку што очекував е да се врати назад во прегратките на Али Ахмети и останатите, но тоа е сепак негова одлука и убеден сум одлука на малкумина и дека тоа не е одлука на членството на Алијанса на Албанците и на голем дел на луѓето кои се дел од оваа Влада. Чесно и доблесно беше самиот тоа да го направи да не ја влече Владата за нос и граѓаните, но ете полеска, но сигурно станува јасно дека тој се враќа назад во прегратката на сите оние кои повеќе од 2 децении ја пустошеа, криминалиизраа и ограбуваа и ја фрлија Македонија на колена“, рече Мицкоски.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Врзал куче за автомобилот, полицијата му поднесе кривична

Следно

Во автобуска несреќа загина 21 лице во Шри Ланка

Latest from Blog

Николоски: Свлечиштата повеќе нема да бидат закана за автопатот Охрид-Кичево

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево силно напредува, а проектот се очекува да биде завршен кон крајот на 2026 година, согласно предвидената динамика, порача вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Тој

Битола испрати порака за почиста животна средина преку „Генералка Викенд“

И во Општина Битола се реализираше една од најмасовните акции во државата „Генералка Викенд“. Вклучени беа основни и средни училишта, градинки, здруженија, културно уметничко друштво, средношколски дом, а се чистеа и 12

Комуналец-Прилеп повторно ја чисти дивата депонија кај Вештачкото езеро

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп повторно спроведува акција за чистење на дивата депонија на патот кон Вештачкото езеро, каде денеска може да се забележат големи количини градежен шут, стар мебел, домашни апарати, пластика
Go toTop